- Тоа е моја работа, но ти не рече така. Ме лажеш. Што ќе ти биде, лебати, тоа луксуз?
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
А сега си го скрил и ме лажеш.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Но јас знаев дека ме теши, дека ме лаже; јас точно, секогаш во животот сум била свесна за своето тело, господине судија, за секоја негова маана или доблест.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
- Ти си просјак. Како смееш да ме лажеш дека Том Соер е Карта, Порта и Аранија?
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Сепак, претчувството не ме лаже, татковиот дух спасоносен знак ќе ми каже: ми нуди фотографија.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Чекајте! Само еднаш во животот сретнав девојка со насмевка како вашата. Ако сеќавањето не ме лаже ...
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Душка! Погледни го оној со брадата. Нели ти личи на Томо? Или ме лажат очите.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
„Тие земјава, ако не ме лаже умов, ја гледаш како црвјосано јаболко.“
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Што мисли, ќе ме лаже цел живот?
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
„Ти мене ме лажеш! Јас трошам време да разговарам со фини, богати луѓе за тебе, да те вдомам во куќа во која ќе имаш добар живот, а ти мене ми се спротивставуваш, ми вадиш некакви модерни теории, ми криеш, прајш работи зад мојо грб и излегваш со непознати??!?!?
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Одеднаш баба ми ме зграпчи и почна да ме лаже: Мајка ти спие и не треба да ја будиш.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Кога го видов веќе не можеше никој да ме лаже.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Баба ми ме зеде мене за рака и ја крена Љубица, а прашалките ги стави на колкот и така нѐ однесе дома и уште се обидуваше да ме лаже – ќе си дојде мајка ти подоцна.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Само немој да ме лажеш, вели тој. Мразам некој да ме лаже.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Ме лажеш дедо... Ме лажеш за да не плачам...
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Ти се дига? Ако не сакаш, не мора да одговориш, само немој да ме лажеш.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
Ме правиш будала. Ме гледаш во очи и ме лажеш.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
Сигурно смрдам, си мислеше Ема, мајка ми ме лаже.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
- Здраво, - рече Ема кога стаса до нив. - Здраво, - рече Ирена, но не се насмевна.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Тогаш моиве очи на очи ме лажеле и навидум среќните зарад мене тажеле.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Се разбира, тогаш тоа го сфаќав буквално и мислев дека тој добар Панта ме лаже, зашто не верував дека некој може и дека треба да порасне до небото.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Да беше на негово место другарот Едо Бранов, јас исто така ќе пукав и во другарот Бранов затоа што тие мене толку време ме лажеа во врска со мојата квалификација.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
— Ме лажеш, вели.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А ме лажат дека ќе ми донесат вештачка нога од Русија...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Значи така, а? Претпладнево ме лажеше, а? – му се нафрлив.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Брат ми знаеше колку можам да бидам незгодна ако се запијачам за нешто и го смени однесувањето: - Слушај, Бреза, не сум те излажал, само убаво размислив.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ми се плачеше од мака. Не знам дали повеќе поради тоа што ја фатив дека ме лаже, или поради тоа што не сакаше да го носи мојот толку прекрасен прстен.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Мајка ми забележа дека сум натажена: - Знаеш кога ќе го ставам? Во специјални пригоди.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)