Кој, сака, море, нека умира роб, ама јас немам ниет роб да бида до век! — па го крена гласот повисоко, обрнувајќи му се на татко си и стрика си Кулета: — И да знајте сите: јас нема да му стоа ни на вој пес, Адема, да ме продава како стока, ни на тој ајван, новиот наш бег, да ме купуа како стока. Море, освестете се еднаш, бреј, оти сме луѓе, а не стока да не продаваат и купуваат виа пезевенци, бре!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кисело се насмевнав. - Ќе ме купувате еден од друг, - со надеж изустив. – Ќе си поиграте троа и ќе ме одврзете.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Мене, Костадине, ме купуваат, јас треба со љубов да платам! Не давај ме, Костадине!
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)