ПОЦКО: Ме викаат Поцко, а кумот ме крстил Апостол.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ТЕОДОС: (Го затнува носот.) Доста, доста! И потаму! (Се трга назад, тихо.) Скот! (Гласно.) Ти си — недокрстен!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Рибино око
немам око да те видам
имам да те гледам
на свој начин, во свое време
никогаш да не ти се нагледам
од овие сфери, од овие длабини
да те изобличам
да те преобразам
на очите да не си веруваш
така исто сум гледала и молчела
молчела, значи гледала
пред да ме крстиш риба
псариа, fish, poisson,
пред да ми ја откриеш смислата
и од мене да направиш соѕвездие,
знак, уметничко дело
пред да ме уловиш и од себе да создадеш Риболовец
а од мене добар пазар,
специјалитети
пред да ми ги дознаеш употребните вредности
- мои и на моето око, метафизиката
пред да измислиш мамки, глисти, црвци
јадици, со еден збор
јас се фаќам за јадицата
а моето око сѐ гледа и сѐ знае
но таи и разобликува.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Често нѐ посетуваше, носеше повеќе слатки отколку што татко ми сметаше дека треба, зборуваше, зборуваше, а на крајот ја почнуваше својата операција за олеснување на ќесето.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
На скали сум најден пред триесет и три години, па затоа сакале Лествичник да ме крстат.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Стрико ми Ото бил црната овца на претходната генерација и тој ме крстил. Некого морал да крсти, па ме крстил мене.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)