И дојде неделата, црна и пуста, и јас почнав да се превиткувам. Од рани зори почна да ме ора, да ме кине, да ме корне.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
„Затоа ли ме подмами ваа старледина, да ме кине?“ — си помисли тој во себе и така му се стори одвратна, што немаше желба да ја погледне.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Си мислам: некои пилишта ми застанале овдека и само ме колваат, ме кинат со ноктите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Наместо јас него, тоа ме јаде мене. Ме кине и ме глочка.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)