ме (зам.) - казни (гл.)

Едно влегување, Бошко падна на плочите: „Господару мил, и мене господ ме казни.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Господ ме казни, еве што сум сега.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Моите ме немаат никогаш удрено.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Нека ме караат, нека ме тепаат, нека ме казнуваат, нивна волја.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Живот со многу, многу случувања, а сите потсетуваат на утринскиот воз што го истура она селско шаренило кое уште пред да бувне од станицата веќе знае дека треба да се вгнезди и век да векува овде, во градов!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А сонот не му ја мисли многу; зошто да си го арчи времето во објаснувања и додворување; му накалемил на валјакот сајли што ќе му го забрзат одењето, му додал некои нови каиши што ќе го раздвижат, горивото го дотерал така што пламен да фрла наместо чад, а потоа го пушти да ме казни заради необмисленоста на наредбата што ја издадов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Оние поединци кои го имаат посетувано училиштето за стравувања и стравотии или пак оние другине кои на панаѓурите навикнале да ги шетаат одаите на ужасите можат да се досетат како се чувствував.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Белки нема да ме казнат затоа што се оддалечив без прашање?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Понекогаш кога ќе претерам, ме казнува, но јас и тогаш кога сум ѝ лут - бескрајно ја сакам“.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Зар има уште нешто со што може да ме казни Господ, особено Богородица?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ако беше 5 и 20, некој ме казнува, исто и со писмата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Дино и мајка му смирено мласкаа и набљудуваа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)