Потоа, целата онаа агресија во Битола, оној чуден начин на барање услуга, сето тоа некако уште повеќе ме исфрли од колосек раѓајќи притоа некаков непознат отпор во мене кон сé што посегнува по мојот интегритет.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Она со дедо ти сосем ме исфрли од колосек.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Навистина токму овој нејзин исказ ме исфрли од рамнотежа иако слушав внимателно а притоа се трудев моето внимание да не личи на зјаење во празно.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
– „Ете како: откога влеговме в гемија во Солун, кога нѐ забра еден силен ветар, та кога ја спотераа талазите гемијата, една недела што ја носи силно морето и на неделата кога ја удри од едни спили, парче по парче се стори и за касметот мој ме исфрли на една штица морето на суво.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Х.Х. не успеа да ме исфрли од тишината ни при најголемите провокации, филувани, одвреме-навреме, со неумесни комплименти, со алузии на моите блиски во Албанија...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Кога во Листра излекував многумина и го учев многубројниот народ да го возљубува името Негово, неколкумина пристигнаа од Антиохија и од Иконија и подбуцнувајќи го народот против мене, успеаја да ги натераат, наместо со восхит, на мене да гледаат со презир, наместо да ме љубат, силно да ме намразат во срцата свои, та така, заслепени од омразата и од бесот свои, ги заборавија храната и даровите што ми ги носеа и почнаа да фрлаат камења врз мене, за таков, скоро мртов, да ме исфрлат од градот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)