Кога тој го забележа тоа, ме искара: - Не ме пули мене, туку во книгата пули!
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Ако сака пак нека ме искара Петре Даскалот ама убаво си го направила, Саво!
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Долго не сакав да седнам на масата каде што се ручаше, по повод оваа веселба, иако во кујната неколку пати ме искара тетка Рајна.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Да направам една проба, да ја земам, па што, и да ме искара?
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
- Земи речник, помачи се, така се учи – ме искара тој.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Кога се вратив, Љубе ме искара што не сум дошла побрзо.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Се разбира дека ме прекори, ме искара што сум била толку невнимателна и толку непромислена да отидам во третиот дел од паркот, и тоа доцна попладне, ми се закани дека своерачно ќе ми ја скрши главата ако тоа уште еднаш ми се повтори и ме посоветува, онака братски, малку да ја видоизменам приказната попладне, кога на состанокот ќе им ја раскажувам на нашите.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Не туку му викај на девојчето – го прекори Тета. – А и оној Саше, каде се има задржано?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Немој сега веднаш да ми се правиш важен со англискиот – му реков – сите знаеме дека добро го зборуваш.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- На пример, она за велосипедите, неизоставно треба да го скокнеш – рече тој – измисли некоја друга причина зошто сте се задржале во грмушките толку долго.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Е, глупчо – ме искара братучедот – таа се вика Бела Вода...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Можам да отидам на компјутерот и да се обидам да си го исчукам стихот.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Тогаш ќе биде гладен и можеби поинаку ќе размислува, ќе ме искара малку затоа што сум го вознемирила додека пишувал и потоа ќе се смириме.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Еден ден шефот Ристо ме врати и ме искара – другпат тоа да не го правиш, јас немам никакви тајни, немам што да кријам.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Татко ми сепак дозна за тоа, ме искара зашто не сум му кажала, дури ми рече: Немој да ја сакаш, штом е таква сестра ти.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
За ова веднаш потоа ѝ раскажав на Добрила а таа на шефот Кузе.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Тој ме повика и ме искара, зашто јас сум ѝ дала цела чашав вода да се напие.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Шефот Кузе ми рече загрижено: Милка, ако умре Елица, цел живот ќе ја носиш на душа.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Јас му кажав како што беше, а тој ме искара како сум можела тоа да ѝ кажам на Добрила.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
ШИФРАНТКАТА ПАЦА И ШЕФОТ РИСТО Во штабот на дивизијата имаше една шифранка Паца, која често доаѓаше кај нас некако повеќе поради шефот Ристо, па штом ќе дојдеше ќе ми мавнеше да излезам и јас ќе излезев.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ќе заборавев да ја споменам вадиотров сауната што јас ја ескивирав а препородените ме искараа небаре одбив да влезам во харем.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Ништо. Барем не ме искара, не ме испади.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)