ме (зам.) - има (гл.)

Долга е зимата Светлината ја нема: Ме има. пуст облаку Замолчен Живеам и Одвај Тлеам.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Ќе беше згодно некако. (стр. 27-28) Мајка ми и Госпоѓа Витрив, до мене, се грижеа, одеа горе-доле по собата чекајќи да ми спадне грозницата. Една амбулатна кола ме имаше донесено.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Бошко ми е најдобриот ученик во одделението, - им кажува таа на децата и им вели да ме имаат мене за пример.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тој не можеше веќе да стане, ама јас го парев така од што ме имаше налутено.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Сега чиниш истата прикаска му ја кажува на некој друг, некој кој е со неа и таа си вели самата на себе: Мајка ми моја дури еднаш ме имаше замуабетено за него, за тој пусти Панда.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И сега мене да ме најде оваа ата што ме има најдено...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Единствено што расебетував во сиот тој вител беше длабоката возбуда што ме имаше обземено.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Затоа самоутешно, како тоа да беше моја грижа, поверував дека тој е единствениот човек на кого што овде, во оваа осама во којашто судбината ме има оставено, можам да се надевам дека ќе се снајде.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Посебно кога е во прашање јуне како мене! (Ете, се преправаше дека заборавила оти токму таа ме има наречено со тоа име заради она мое дивеење по куќата кога бев помал!)
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Точно е дека времето за летање ме има одминато.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури себеси се сметам за внимателен и стрплив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А на ретките поединци неупатени во овие промени им потврдувам дека веќе и јас не се одлучувам тукутака на необмислени постапки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Бошко ми е најдобриот ученик во одделението, - им кажува таа на децата и им вели да ме имаат мене за пример.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
-Кога ќе влезам во некоја просторија, ме има уште дваесет пати.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Уште лежам замелушен, несреќен, со единствена насоченост како да исчезнам, како да ме нема оваков каков што сум сега. А, ме има.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И сè дури тој ме води, за мене нема почин!‘ Но тогаш, превидувајќи ја слабоста што ме имаше обземено, заборавив да ѝ кажам, а сите да ве поучам на тоа дека човек може цел живот да го мине на едно место и со свои раце да си изгради шатор, а сепак да нема свој дом.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Една ме има, ами од што не е свесна работи да ме нема.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
АНТИЦА: Ви кажав, мајка ми една ме има и гледа како да ме нема.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Одговори ружунчица тајно жалосно: „Мене мајка ми една ме има, как’ да ме нема!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Луѓето, се разбира, немаа разбирање за мојата состојба, никој не можеше да сфати каква треска ме имаше зафатено, тие си го продолжуваа шетањето во три колони баш како моите скопски мравки, стаорци и лебарки, ништо за нив важно не можеше да се случи надвор од нивните корупки, сигурен бев.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И ме имаше до пола, зашто до таму беше дозволено, а јас ги почитував непишаните норми што важеа тогаш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Дојде лута дома. „Јас, рече - ги честам од супата и репете им досипувам, ај греота се на студот качени по скелињата, а тие мене за мајтап ме имале!“ и извади од џебот розови купончиња.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Срам, несрам, брате Јоне, ми вели Мирче, јас изгледа не сум бил за жена. Изгледа некое виножито ме има пресечено, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Инаку никој нема да ме има.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Повеќе од што можев да замислам. А и тоа нешто ме има мене.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Мора да постои барем една пресечна точка на амплитудите каде што ме има мене целосна.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И мене ме имаше во тебе и тебе во мене...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Беа како деца, ме имаа како лижавче.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Потоа ме префрлаа од рака на рака Маџи, студент по архитектура, трговците со привремен престој Жури и Цембла (со нив често имав и групка, сакаа ражен, им го правев ќефот, ме превртуваа сменувајќи си ги повремено местата за да ме гледаат еднаш во очите, еднаш во газот; зборот ражен лесно го изговараа, но им беше ужасно смешен), ме имаше и фудбалерот Хами, потоа Жизи, Сали и други.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Вака ме имаше само мене, сè почесто пијана и изрешетана од Нигеријците.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ќе ода долу Тиквешиата, ќе се потпра прво до поп Илија во Бешишча, а он ќе ме ставе со Ѓурлукот, Шаќира и други мои стари другари и дејци од комитлакот, белки не ме имаат заборавено за виа дветри години“, — донесе итриот Ѓуро решение, и така направи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако ме има за челад, сполај му, белки не ќе ме забораве и тука! Mope, ќе си издутна ошче едно машко, та шо сака нека биде!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ами ако татко сторил ниет и дал збор без мене, нека ме има он на душа, јас пак не го оставам да биде страмен.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Исчезнав и ме има А бев таму и бев тука Отсатноста чука, клука Исчезна и те нема Штом ме нема земај Од отсатноста, таа... тука.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Ме нема ли тука, некаде ме има Нели таква е вистината Некаде е исполнета празнината Некаде полна целината.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Всушност толку биле на број и нејзините доаѓања во земјава.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Иако во тие денови помислував дека сум имун на магиите и дека не дружам со потсвеста, сепак не ја исклучував можноста дека нешто ме има придвижувано кон постариот пријател и низ такви простори.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
При последната посета таа ме уверуваше дека, откако е во Канада, ме има посетено точно четирипати.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Иако таа можеби веруваше дека прилично умешно ме има изложено на рафтот на срамот јас молчев, и вистински чувствував како да ја имам нарачано за себе отсутноста.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Или ме сожалуваше? И можеби и имаше право.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислам дека остана недоразрешено и она прашање: колкупати, откако се наоѓам овде кај доктор Пачев ме има посетувано Дуда.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А можеби ме имаше и замразено поради работата што мораше да ја извршува изложувајќи се на сите оние неволи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Од бифето неколкупати ми има донесувано кафе а ме има понудувано и со бурек иако овие ситни услуги не беа придружувани со наметлива понизност (понизноста не ја поднесувам и тоа не само кај другите туку и кај себеси).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Нема да ме изненади ако почне да ме уверува дека ме има уловено со парче сиренце на нејзиниот женски блинкер.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Нема да верувате, ме има во нив.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Ме имаше уште на првиот бакнеж, секогаш ме имаше само мене. Засекогаш твоја, љубов!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тие двајцата ме имаа мене и семејството на сестрами, се радуваа многу со внучињата.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Двете постари деца во интернат, за Патрик ме имаше мене, а за чистење и готвење ја имаше Никол.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Мајка во прегратката ме има мене, неколкумесечен.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И истовремено ме заведуваше со цел даме држи збунет, да ме има в раце.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се потсети на старецот Костадин, на неговото исушено тело и на отворените очи во кои беше напикан сиот свет. Дали ме има и мене во нив?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
— Па ти ме имаш бацувано повеќе од мајка, вели, секогаш кога ќе ти донесев писмо од Никифор, ме бацуваше.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но осеќам дека е многу повисок од мене и сета ме има поклопено.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги почувствував неговите дебели усни на вратот, кои гореа од желба да ме имаат.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Некои од страните каде што ме имаше на слики со Ило и Лима, од нашите вечерни авантури.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
„Сакана, единствена Кате, Кога ќе го читаш моево писмо, мене веќе нема да ме има - јас ќе бидам труп, или веќе фрлен во некоја дупка како претепано куче.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Татко ми, кој е познат ѕвездочатец и ширум Кашмир надалеку прочуен мудрец, уште од раѓање ме има научено дека времето не се мери со часови, со денови и со години.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Толку многу ме имаше фатено страв што не можев да се концентрирам на таа мисла и јасно ми беше дека Игбал нема да успее да ме чуе преку таа негова телепатија.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тоа е огромно и бескрајно, а истовремено мало и ограничено, па се мери според она што ни се случува во него.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Како и би ме чул кога не знам на кој начин да го довикнам?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)