- Сега ме изненади- не знаев за ваква храна!?!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Ме изненади една дама во еден модерен супермаркет која во количката, натоварена со разни прехрамбени продукти, возеше едно кученце, кое ги душкаше продуктите.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ме изненади фактот што меѓу посетителите во тоа студеникаво, ситноврнежливо неделно прашко утро, единствен посетител во музејот бев само јас.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Таа толку ме изненади, што ми остана само надежта дека нема да ја сети никој друг.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Не можеа да поверуваат дека Господ се спуштил меѓу своите поданици. ?
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
И се разбира, и понатаму го читам Роберт Крамб, кој секогаш ме изненадува, ако не одушевува. ?
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Тато ме изненади: ми ја купи плочата, за да можам да ја слушам песната кога ќе посакам.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Ме изненади тоа што ме ослови и со името и со презимето, како службеник што ословува клиент на шалтер.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Непостоечки погледи со кои се разминувам.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Затоа и тоа неочекувано присуство на новиот и малку чуден термин ме изненади.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Ме изненади сонот“, беше нејзиното објаснување утредента.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И без твоето двоумење знам дека има и премногу фира помеѓу известијата што втасуваат до мене“, му реков на Борче.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Дури сакам и да му признаам дека сум затечен или поточно збунет од сопствените размисли а и од оние чудни слики што постојано ме изненадуваат.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
За мене беше неприфатливо, она што со денови го нарекувавме заминување, или разделба, потоа последна ноќ, или смрт, наеднаш да се преточи или кондензира во тој несоответен термин: часот!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Повеќе ме загрижува претурањето од еден сад во друг на она што еднаш веќе било налеано, бидејќи претурањето збунува, или во најмала рака укажува на замешаност на повеќе интереси.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Откако го добив еден од последните примероци на Захариј и други раскази од раката на самиот автор, со христијански скромна посвета, се најдов во за мене сосема исклучителна и пријатна ситуација, да ме изненади едно книжевно дело со својата убавина, скромност, вистинољубивост и со веќе спомнатиот природен тон.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Да знаете, вашето појавување пријатно ме изненади.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Андон замолчи за миг, премислувајќи нешто, потоа причека да замине келнерот кој во меѓувреме им го донесе виното, и во шепот, како за себе, продолжи: „Да, јас тоа го знаев, но ме изненади неговата смелост тој, нејзиниот маж, нашиот Стево, да ми го каже тоа.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Впрочем ништо веќе не ме изненадува.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Се трудев да ѝ ја објаснам мојата положба, непријатностите со сенките, мислам дека го спомнав и недоветното будалесто смеење на Јана, на твојата пријателка Јана, (токму така ѝ реков), но Катерина се преправаше дека ниту нешто слушнала, ниту нешто видела; (постојат такви моменти кога мојата Катерина в очи ми се руга, а лицето ѝ е невино, невино, како на палаво годиначе кое тукушто проодило), а притоа сепак, најприсутно барем во моите размисли беше она нејзино одречување, дури и спротивставување (како сум смеел да си претпоставувам дека таа дружи со сенки, а посебно со сенката на некоја Јана), а посебно ме изненади нејзината забелешка дека неа никогаш не ја интересирале русокосите фолиранки, и наеднаш ме заплисна некоја заедничка смеа, смеењето на двете жени, на Јана и на Катерина, кои како сенки се оддалечуваа по некоја спирална скала, а јас (тоа беше навистина за чудење) открив дека се наоѓам во ходникот, дека сум седнат на бетонот, и тоа пред врата што веројатно беше нашата, а притоа вратата беше заклучана.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
На Роза ѝ реков: - Успеа да ме изненадиш.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
- Сè повеќе ме изненадуваат твоиве навики: да мавташ со рацете; да се расправаш со себеси!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Нема да ме изненади ако почне да ме уверува дека ме има уловено со парче сиренце на нејзиниот женски блинкер.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Ако умеете да чувате тајни би ви открила нешто: јас сум во потрага по совршениот пехар, пехар што нема никакви дефекти од било каков тип во својата форма.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Ж: Ох, така пријатно ме изненадивте!
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
"Знаеш ли колку е тесен и висок бунаров под бозделот? ", ме прашува тој и се насмевнува, ама знам оти сака да ме изненади.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Но наспроти итрината на таквите домислувања, со нив секогаш овладува некоја поприродена, попитома, поневина желба, во секој случај припаѓачка на културата која повеќе сплеткари, а особено не подлегнува кон “сегашните” норми на културата и политиката.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во одговорот на некоја молба, повик или заповед сигурно се придвижува некоја творечка замисла која веднаш покренува одредена програма, систем на очекувања, за најпосле и самиот да ме изненади со тоа што е неодолива, заповедна, дури неумолива, како некој мошне строг закон.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Колку што обликот е поединствен и поблизок до она што исцело непримерено го нарекуваме “фикција” или “автобиографија”, како што е случај со делата Глас, Разгледница или Cirkonfesija, толку повеќе таа присила ме изненадува.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Значи не станува збор за некаква културална или политичка принуда? 4Секогаш се сонува во врска со нешто што се укажува на културалното поле.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Овојпат свекрва ми ме изненади нудејќи се таа да ги измие садовите, бидејќи раката ми беше врзана со завој.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Но, тоа што уште повеќе ме изненади беше што кога продолживме да чекориме напред, кујната се претвори во складиште во кое имаше неколку стари велосипеди, косилка за трева, разни алатки, боци за гас и слични работи, наизглед неубави, а сепак корисни.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Не можев да се туширам затоа што како веќе да ги чувствував чекорите на тетка ми како нервозно маршираат пред вратата - кога наместо да слушнам чекори од ходникот, од шолјата слушнав само едно „клок-клок“ и регистрирав како водата од казанчето сосем се испразни.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
- Целото! - задоволно воскликна мајката - Прво го исчисти, па го исече, па го истепа, па го зачини и на крај го испече.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Ќе ја негувам да закрепне, ќе ме засака и ќе ме изненади со цветот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Најмногу ме изненади држењето на Горачинов...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Што ли мислеше кога решил вака глупаво да ме изненади.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Занемев додека слушав. Не дека беше тоа нешто неочекувано од Стомачето, но иако толку добро го знаев секогаш успеваше дополнително да ме изненади со своите каприциозни постапки.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Не знам што е причина, та Билјана наеднаш да ме изненади со тоа необично прашање: - Тато, зошто некои луѓе ги сакаме повеќе, некои помалку, а некои не ги сакаме?
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Знаела и да свикува – си реков и ѝ додадов уште еден поен плус.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Прекини – свика мајка ми и мошне ме изненади.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)