Но ако моите алишта ме служеа таа година доста добро, чевлите ме изневерија, баш во првата пролет, која се погоди врнежлива.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
И навистина, оваа моја сметка не ме изневери; јас го бев избрал правилниот пат да дојдам до чевли.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Не знам дали ме изневери со друга додека бевме заедно, но затоа знам дека ги изневери сите можни вредности кои одеа паралелно со љубовта.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
И кога еден човек ќе ме изневери, имам право да му судам.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
На оваа убавица со години сум мислел, сум се мачел да ѝ пријдам, поради мислата на неа толку пати не сум можел да легнам со жена ми и одеднаш, сега кога таа ми се предаде, кога имав чувство дека пречекорувам во пределите на рајот и чистата среќа, дури и помислував како ќе се разведам за да се земам со оваа жена, јас одеднаш почуствував несовладлива желба за сексуален однос со мојата жена која, еве, на очиглед ме изневерува со радијаторот, како што тоа буквално може да се каже.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Четири дена немавме никаков контакт, и сега јас ја избегнував, затоа што сакав да ѝ ставам на знаење дека сум лут; го избегнував и Земанека, затоа што и тој, на еден сосема извесен начин, ме изневери, оти се пријави да пее народна песна, а не предложи, на пример, да изведеме и една џез композиција, јас, тој и контрабасистот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Сега е во фаза на размислување и секој момент го очекувам нејзиниот одговор.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Се надевам дека нема да ме изневери.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Решив да му кажам откако сите негови пенкалца ме изневерија и така можеби и тој ќе се обидеше, па заедно ќе се смеевме.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Мора да се отиде од овде, мора да се отпатува – барем додека не ме изневерат ушите.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)