Јас секогаш се молам на Божјата Мајка, да ме издигне над земјата- небото да го сетам, тоа сето е поврзано.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
- Молитвите, чедо, се молам Господ да ме издигне над сите случувања –за да ги разберам.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
И во моментот кога бев, мерено со микрони, сосем близу целта, одеднаш отпозади, за околу вратникот перверзно ме зграпчи некоја недефинрана сирова атмосферска сила, ме издигна од столицата и едновремено влакнестата горилска шепа ме лансира меѓу ѕвездите.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)