Да не ме издадиш пред другарите, а јас сам нема да се издада. Не бери гајле.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Во некој момент сигурно забележала, застанала молкум да ме набљудува како и самата нешто да очекува; веќе беше невозможно да не ме издаде напорот да го продолжам тоа затишје, да не го прифатам тоа пак да се вратат наспроти Мари-Клод, против Мари-Клод која не можеше да разбере, која молчешкум ме гледаше исчекувајќи; да се пие и пуши и да се зборува со неа, за до последниот момент да се одбрани слаткиот интеррегнум без пајаците; да се запознае нејзиниот едноставен живот работа-дома и сестра студентка и алергиите; да се сака, така да се посакува тој црн прамен што ѝ го чешла челото, да се сака таа како цел, како стварно последна станица на последниот метро во животот, а тогаш - бунар, тоа растојание од мојот стол до онаа клупа каде што можевме да се љубиме, кадешто мојата уста можеше да го испие првиот мирис на Мари-Клод пред во прегратка да ја однесам до нејзината куќа, пред да се качиме низ оние нејзини скали и најпосле соблекувајќи ја од себе толкавата облека и толкавото чекање.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
„Браќа мои, кога пред вас нескајќи ја открив својата телесна слабост, оти заморот од долгите патувања и проповеди ме совлада, та духот ми потклекна пред слабоста на телото и гласот ме издаде додека ви зборував, со најголема загриженост за моето здравје притрчавте да ме задржите во тетеравиот чекор на моите стапала изранети од долгото одење.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Јас се тргнав. Сега осетив страв и затреперив. Се трудев да не ме издаде тоа тресење.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Ќе ме издадеш. - Зошто си таков?
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Ме издадоа нозете и си го наседнав опавчето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
СОЊА: Како што Матеј ме издаде мене, како што него ќе го издадат неговите.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
БОРИС: Јас барем знам што сакам. Не сум молчитолчи. Ти ме издаде.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Се надевам дека раката нема да ме издаде и дека ќе бидам прецизен како некогаш кога бев млад.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Тамам потстанав, нозете ме издадоа и повторно се спуштив на столот.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Кога видов дека нема никој околу мене, почнав да се враќам, но опинците ме издадоа – еден чекор напред – два назад и така последна отстапував.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Сите почнаа да викаат по мене: Милка, враќај се, каде одиш!
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)