- Добар ден! - извикаа сите три срдечно, а потоа едната продолжи, - Вие сте сигурно внукот-економист на Олга?
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Мајка ми свика од радост, го зеде прстенот, го разгледа од сите страни, ме изгушка и ме избакна и рече: - Прекрасен е!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Сигурно, си помислив, ѝ е непријатно да признае дека и нејзе ѝ се одело во тоалет и чекала толку време.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Се израдува кога ме виде и на драго срце ме изгушка.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Навистина имаш вкус. Како можеше да одбереш толку убав прстен?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Под бујните веѓи, влажните очи уморно му светкаа и откако тетка ми ме изнабакнува по целото лице и убаво ме изгушка, тетин Јован срдечно ми ја стисна раката и ми помогна да ги натовариме куферите во неговиот автомобил.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Кога си заминувавме тетка ми Марија убаво ме изгушка, а пролеа и неколку солзи поради тоа што толку ретко го гледала нашиот сој.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)