„Нека ме испцуе, ако сака и нека ме избрка, вечерва има да се реши ќе станам ли мајстор или не.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Јас поради тоа сметав дека сум излишен овде во ЈугоМак и дека ми се готват да ме избркаат од работа, а малку да ми покачеа плата, колку да се смирам, ни несреќата ќе се случеше ниту пак јас ќе бев нервно поболен и позависен од алкохолот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Да не ме избрка од неговата територија, од неговиот усмрден, голем, а всушност ситен, паланечки свет?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ме избрка и на вратата ми рече: „Рацете ќе ти ги искршам ако уште еднаш те фатам да пишуваш вакви глупости!“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Излегов порано од вообичаено, бидејќи мајка ми, свесно или несвесно, ме избрка од дома со смрдеата на запршка од кромид што ја подготвуваше уште од рано изутрината (МРФФФГГГРРРЈЈММРРГГ, ова беше пцофката што успеа да процури во тој момент, сега преведена на книжевен јазик).
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Од првиот ден кога отидовме кај нив, во нивната куќа, гледаа да ме избркаат.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
- Кај си ти? Нели отиде со татка ти? - Не отидов. Улав е. Се опијани и ме избрка.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
СТЕВО: Ти ли ќе ме избркаш? Ајде стани избркај ме.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
СТЕВО: Го чувме и твојот митинг. Сакаш да ме избркаат од работа поради твоите малоумни политички афектации? Видовме кој си!
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Тато сакае да ме избрка оттаму, но баба Стеве, сестра на дедо ми Баџак, и дедо Роман, мажот ѝ, ме прибраа да седнам меѓу нив.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)