Затоа набрзо по тоа себеси си го одбрав псевдонимот Арт Ловер и од тогаш светот на уметноста ме знае под тоа име.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Токму заради тоа, луѓето кои добро ме знаат се чини имаат доверба во мене.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Таа награда ги изненади сите кои ме знаеја исклучиво како поет.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Како што ме знаеш педантен, јас би сакал веднаш сето тоа да е чисто, прибрано, а тоа сè уште не е можно.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Прашав неколкумина што добро ме знаат.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Дури ме зачудува, како тие што ме знаат, пак се забораваат и си дозволуваат некои нешта.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
На моменти добивам силна желба да отидам некаде далеку каде што никој не ме знае.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Ти кажав, еве Трајче, нека ти каже, тој ме знае, јас сум многу стрвен на жени.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Тие од полицијата бидејќи мене ме знаеја... Јас божем шпион им бев...
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
На оние што не ме знаат од порано, ќе им го кажам своето име и презиме.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Дојде и тетка Славјанка, Катина Егова, Паскалина Ајта, сите што ме знаат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ви се молам, стричеле ако не ми кажеш од кај ме знаеш?“
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Од каде ќе ме знае?...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Таму помалку-повеќе сите ме знаат.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
„Се шлаам. Онака. Ме знаеш каков сум.“
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Што ќе речат и тие што не ме знаат, а не тие што ме знаат?
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
А таму, во ординацијата - докторката Горица.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Таа ме знаела уште од бебе, уште од првиот ден кога мама и тато ме донеле дома и веднаш сум се разболел, сум добил ангина.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Ми се крши ко суво стаклено цвеќе
во раце, под нозе, на срце
во мозокот ми удира
ме заклучува ко да сум казнета
со катанец, од надвор
правам сѐ да ме нема
можеби така ќе се спасам
ќе фатам џенем некаде усвет,
некаде кајшто никој не ме знае
и нема да му падне на памет да ме оспорува
оти такви работи не им паѓаат на ум на
нормални луѓе
ама овде сѐ е можно
овде ние не сме ние
светот е превртен наопаку
ние газиме по шилци
ако нив ги промашиме
ќе нагазиме на мина
ако неа ја промашиме
ќе се фатиме во стапица
ако и стапицата ја промашиме
ќе удри гром
ако и громот нѐ промаши
ќе се изедеме еден со друг.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Завет
Пред да ми се отвори
морето проговори:
завети си нешто
Јас реков: Поезијата, ме знае
Тоа: Не, таа трае
Јас: Љубовта, ме уби
Тоа: Не што не се губи
Јас: Среќата, ме нема
Тоа: Добро, ќе ја земам.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
- Ме знаеш ли мене добро? – прашуваше тој.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Штом ќе се симнев од автобусот, ќе погледнев лево-десно да не случајно се најде некој што ме знае иако претходно во автобусот, 70 okno.mk обично скукулен во задниот дел, со внимателност и лукавост на инспектор ги согледев сите лица што се качуваа и се симнуваа на постојките а особено ги запаметував тие што повеќе од двапати се имаа довозено до таа “моја” последна станица.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)