Но, откако Круме Волнаровски денеска беше притворен, повторно ме зајаде црвот за улогата на Ема. Со кого таа работи? За кого?
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Такво прашање поставуваат некои од пријателите на татко ми и мајка ми, а особено оној чичко Гоце, од Берово, мајтапчија и подбуцнувач, кој не пропушта прилика да ме зајаде.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Понекогаш ја прифаќам шегата, а понекогаш имам желба да му скокнам и да го убијам, особено ако се најде уште некој кој ќе ме земе во одбрана и ќе рече: „Мала е таа сѐ уште за дечковци. Не ѝ е уште време“.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)