ме (зам.) - зароби (гл.)

Она што всушност ме одби од Луција таа вечер беше едно ситно движење на нејзините нозе, едно сосема беспрекорно, технички изведено поместување на нејзините колкови, со кое таа ме привлече кон себе, ме зароби, и јас се најдов токму на местото каде што треба да биде маж кога спие со жена; беше тоа една совршена технологија на водење љубов, нешто што за искусниот маж е вистинска посластица, кога ќе го сретне кај некоја жена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И мажите се пуштија кај мене, што се вели, ме заробија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И кога го составив со мозаикот, кога целото стана Едно, и кога се укажа целата слика на царевата ќерка под колената мои (оти на колена клечев додека чинев невидливото да стане видливо), сфатив дека сум пајак средето на своето завршено дело, дека ме заробила целината, завршеното, дека самиот сум центар на сочинението од рацете мои, дека сам сум се затворил, сум се заѕидал во тоа чудно здание, храм пајажинест.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И одеднаш ме зароби прашањето – дали тогаш, во тие години, кога тука нашите биле, имало православна црква среде италијанската воена база, а би требало да има католичка, или од некого е градена подоцна за спомен на тие кои тука битисувале?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Голи до појас, во панталони од жолта ткаенина, горе широки, долу тесни, тие носија во појасите топузи.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Можеа да ме откријат и да ме заробат.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)