Ќе ме зарадува ако на есен ме посети со срнчиња.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
А пред тоа нели бев веќе сфатил многу, многу обични нешта, а помеѓу нив, посебно ме зарадува веста дека Катерина ќе ми обезбеди соба, и тоа овде, во центарот на градот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Набрзо потоа ме утеши, а дури и ме зарадува мислата дека сигурно имала бурна ноќ, за која подоцна со нетрпение ќе ми раскажува, па утрово се вратила во својата драга постела, да го досонува остатокот од животот ...
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Мене најмногу ме зарадува што тука меѓу луѓето го видов и Килета на дедо попот кој, во едно струнено вреќе, собираше деланки.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Од терасата на хотелот „Дуна“ се восхитував од убавините на тврдината на аласите и на Кралскиот дворец, во кој е сместена националната Уметничка галерија на Унгарија, уживав во ладните пијачки и, навикнат на секој чекор во Будимпешта да гледам убав, млад свет, не ме зарадува глетката на терасата која, буквално, беше окупирана од старици, облечени во шарени алишта, та дури смешни, и помислив - остарела Будимпешта.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)