ме (зам.) - запре (гл.)

— Одеше по дрва кај Кораќевица, та ме запре на патот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Вечерта воспитачот ме запре во ходникот, ме чепна со прст преку носот и ми рече: „Добро е, мали.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Стрчнав да ја вадам, но ме запре дедовиот бес и страшната шлаканица што ми го изгоре образот...
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Ништо на светов повеќе, ништо нема да ме запре да ја негувам оваа љубов.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Запре моторот, ме запре мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И Наталија наеднаш ќе ме фати, ќе ме запре.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Крева рака Силјан Лилјаков, па кревам јас, не му давам време да ме запре да зборувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
12. Наеднаш нешто ме запре, ми ги одзеде нозете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме запре со некој страв и радост што ѝ стоеја заедно на лицето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еднаш ме запре држејќи го само со два прста парчето бел леб премачкано со мед.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Стој, - ме запре дедо. - Легни во папратта - ме повлече по себе долу во густата трева.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Но стражарот ме запре на вратата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ме пречека тетка Анѓа и ме запре: Не оди дома, - рече.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ме пречека тетка Анѓа и ме запре: - Не си оди дома - рече, - ќе ти се смеат по пат.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)