ме (зам.) - запраша (гл.)

Уште во првата година на моето студентство мене ме запрашаа: каков човек е г.Станчев?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Откако слушна дека сум од “Источна Европа”, една Американка веднаш ме запраша срдечно: - А постојат ли кај вас body-shops?
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Што презеде Бајрон од вашата лејди Мери за верата, па вас толку ве пленило, и не сте можеле да го заборавите придонесот на Бајрон за запознавање на Албанците во светот? – ме запраша наредувачки А.А.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И јас молчев и се прашував: кога Билјана ќе ме запраша: „Тато, а што има зад ридот?“
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Зошто ме запраша за митровденчињата, Ѕвездо моја?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Во една пригода, Франсоа Делатр, дојден во Амбасадата на Рерублика Македонија, во доверлива искреност, неочекувано ме запраша: Дали Македонија има франкофонски капацитет и искрена намера да стапи во Меѓународната организација на франкофонијата?
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
- И јас имам познати кои умираат, и тоа не еден - рече Катерина средувајќи ги ноктите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Бев загледан во нејзиниот палец кога ме запраша, без да го крене погледот, дали мојот познајник имал име и презиме. - Денко Самоников - реков.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се сврте накај мене и ме погледна, и кротко ме запраша.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Има време, ќе научам - помисли - да се надеваме дека првиот училишен ден никој нема да ме запраша токму за Лазо Ангеловски.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Никогаш не сте ме запрашале зошто се вика Шесте чешми, тоа сосем нормално сте го прифатиле,а еве, ни дојде Влатко и му се виде необично - Зошто Шесте чешми?“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И јас молчев и се прашував: кога Билјана ќе ме запраша: „Тато, а што има зад ридот?“
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
„Овојпат ќе ми помогнеш да го задржам овде, нели?“ ме запраша.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)