Ме допира нешто но јас не знам да одгатнам што е тоа.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Хорацио, како да е вонземјанин, ме допира со показалецот по челото: - неа.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
- Види... на чардакот, ова се неговите чорапи, се сеќавам, кога ме допираше..
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Лежи на плеќи дополу разоткриена, со блузата разградена, дојките обиснати кон мишките, целата запалена така што топлината што зрачи од неа веќе благо ме допира онака застанат над нејзиниот кревет.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
И пак, предавајќи му се на занесот, знам дека тоа не сум јас зашто подадениот празен ракав лелеаво ме допира, ја тргна сенката од моите очи, ме враќа на оној свет на кој му припаѓам.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Кој сега ќе ме препознае Во овој кафез од зборови и метал Под кожата што е само моја? (Додека го пресликувам јазикот на ѕверот Додека тајно ја шетам болеста во ѕверот Додека си ѕидам сон крај ѕверот Додека го смислувам посланието до ѕверот Додека испраќам потера по ѕверот Додека склучувам сојуз со ѕверот Низ клучалката на книгата Ме читаат ѕверови, ѕверови, ѕверови.) Сега сум сам меѓу овие корици Во оваа архитектура од претпоставки За изворот на светлината Што ме допира откосо Во иследувањата на мостот Под кој тече Долго тече обидот Да се наслика нечија смрт. (Додека ламентирам во крвта на ѕверот Додека рикам со планината во ѕверот Додека го враќам светот крај ѕверот Додека го оставам аманетот до ѕверот Додека пекам пеколно по ѕверот Додека во крзно заспивам со ѕверот Низ клучалката на книгата Ме читаат ѕверови, ѕверови, ѕверови.) Кој ќе ме препознае во овој кафез Од зборови и метал, со реа на пресна Моч од животно што ја слави слободата?
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
„Не ме допирај, не знам кој си“ – чувствувавме дека таква е смислата на не секогаш пријателските мрморења на некои од ранетите.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Соња се ведне да го сврти листот од нотната тетратка и ме допира со косата...
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Толку ми е милно од нејзиниот допир...
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Јас, речиси, го сеќавам, како да ме допира неговиот живот!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)