Чекор , па повтор чекор назад, не дозволува помин, очите нејзини ме демнеат и пазат.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
Им робувам на мисли што ме растргнуваат и влечат на различни страни, ме демнеат и принудуваат да создавам совршенства без мани.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
Х.Х. продолжуваше да ме демне керберски, на секој свиок во мојата душа, го очекува секој збор, трепет на очите, движење на телото, преку води жеден ме пренесува.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Топлата есен 2000 година од Христовото раѓање, во Византион илити Константинопол, илити Цариград, илити Стамбол, илити Истанбул на западната страна на црквата „Св. Софија“ (Аја Софија) откај што можеше најубаво да се види, да се доживее храмот, седнат на дрвена скамејка и по четврти пат го почувствував студеното ветре околу моето срце и знаев дека, од некаде, одблизу ме демнат темните очи на Рибоокиот, и оти неговото тело е во близина.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Само заокружив назорум, назорум, како да демнам, а уште повеќе како да ме демнат.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Претчувството од пред два дена ми ја најави опасноста што ме демни.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
И ќе ме демнат со увереност деак еднаш ќе ме пратат да кршам мермер на некој безимен остров заграден со море, со жици и со митралези.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ме прогонуваа? Ме демнеа згрчени под своите сенки?
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Сѐ такви мисли ме демнат, молкум за срце ме фаќаат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И ќе ме демнат со увереност дека еднаш ќе ме пратат да кршам мрамор на некој безимен остров заграден со море, со жици и со митралези.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ме прогонеа? Ме демнеа згрчени под своите сенки? На мене се учеа да станат мачители? Да. И повеќе од тоа. Причина? Се плашеа од мене.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
А тоа лице уште ме демне преку рамо, преку трпеза, преку јадењето што го вечераме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)