На пример, излегувам од автобусот, потоа мала, искачувачка пауза и одеднаш, додека забревтаните патници сѐ уште се туркаат во мене, твоите дланки, одзади, ти ме гушкаш.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
– „Дури тогаш повторно се сетив на Роза; што да правам, како да ја спасам, како да ја оттргнам од тој коњушар, кога сум десет милји оддалечен од неа, со нескротливи коњи пред мојата кола?
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
- Задоволна си? – ме прашува и ме грабнува да ме гушка, да ме штипка, да ме гмечи, да ме бакнува каде што ќе стигне.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
На железничката станица долго ме гушкаше и ме советуваше: „Умен да си, бабин. Да не скиташ. Да не се тепаш. Да не правиш некаква беља.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Слаб, без треска, ни ладен, ни топол, со празни очи, без кошула, се поткрева младичот од под јорганот, ме гушка, ми шепнува на уво: „Докторе, пушти ме да умрам“.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Мајка ми избезумено ме гушкаше и ме бакнуваше, ме допираше по цело тело, како да сака да утврди дали сум цела и да провери дали сум жива и здрава.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ќе ме погледа така и пак ќе ми се фрли, ќе ме гушка.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)