ме (зам.) - гони (гл.)

Цареви и слуги ме гонат низ бездомност, низ молњи и недореченост, низ сѐ човечко мило непроговорено во трепетот на пеперутките. Трепетлики во она што се сака.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Не скрив дека призракот на сомнението во измамата, во неверството на жена ми, - дека тој призрак ме гони насекаде.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Не! Не ме разбираш јас сакам да останам, но времето е кратко, времето знаеш. Времето ме гони!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
— Не си ги заборавила, велам, мене си ме гонела.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Трчав сѐ до безизлезната улица со чувство дека сувиот призрак ме гони.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Но стравот и возбудата кучешки ме гонеше и сѐ повеќе грабев од стапалките на оние што трчаа пред мене.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сеприсутна граница: додека насекаде му се кезам на животот во очи(залуден, незалуден, без разлика), во моите соништа постојано ме гони смртта, мојата или на некој близок.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
И уште поради една причина, но сѐ во свое време.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Снеможувам на место. Непознатиот ме настигнува сѐ повеќе, неговата сенка само што не паднала врз мене, но во судниот час наеднаш престанува да ме гони, застанува во еден агол, стои покрај ѕидот и долго, долго мокри...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Доста ми беше од него кога седев таму а сега дури и на работа ме гони.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)