Сѐ уште не изустила ни збор ни воздишка, ни оф, ни леле, трча по пеперугата на моминството, најпрвата варијанта, и ме влечка од аголот кон средината на собата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ме влечкаат за нозе ко мачка за опашка.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Зошто ме влечкаш, вели, зошто не ме пушташ да си одам право дома?
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И така: детето ме трга ваму, војната ме влечка онаму.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Оф, со виделото да си загинев... а не - вака ослепен да ме влечкаат по патиштат... за да ме фрлат пред Царот наш - победен...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Низ полето минуваат кучка и кучиња, кучката напред кучињата по неа.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
- Каде Капинко, каде чедо мое, ѝ велам, што ме влечкаш кај што нема ни пат, ни патиче. 156
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ми го менува одењето: ме влечка по некои стрмни висови, кон некои пропасти. Јас ја држам, ја стискам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)