ме (зам.) - бев (гл.)

После сето она што го минавме на претходното место воопшто немавме примедби на куќава, но набрзо по вселувањето секое утро почнав да забележувам траги од тела на некои крупни бубачки по тепихот на долниот кат; случајни, како мртви глисти на улица после дожд; а кога прв пат ги здогледав, личеа на топченца волна или парченца кал од детски чевли, или, понекогаш, ако завесите се навлечени, толку потсетуваа на дамки од мастило или темни изгореници што се ужаснував, бидејќи, уште на самиот почеток, тој дебел тепих ме беше престрашил, па првата недела чекорев по него посакувајќи чевлите да ги прождерат моите боси стапала.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Каде да го фатев дланките ми се лизгаа од леплива пот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Одненадеж се случи она најстрашното: тој ме беше налегнал и ме беше сковал распнат, го гледав озлобеното лице над мене, сторив напор да се поткренам, ама не се можеше, миговно се свртев влево и го закасав во десната рака.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Всушност постапував и постапувам според правилата до кои самиот дојдов но врз основа на нејзините совети.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Впрочем, нејзе, што може да ѝ значи податокот за татко ѝ, дека размислувал гласно?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со ништо не ме беше обврзала.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Многу пати отворено ми има наговестено дека не претпочита улоги на сведок во утврдувањето на тугите слабости.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но и да ме беше слушнала немаше да се појави.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Едно утро, едно од оние утра во кои го молев Рајнер да ме пушти во својот дом за да можам да молам или да обвинувам, тој ми рече дека завршила љубовта помеѓу него и младата жена заради која ме беше напуштил.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Тоа значи дека ние одново можеме да бидеме заедно,“ реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Заѕвони. Се оттргнав од нејзината рака што ме беше прегрнала и потрчав во класот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Но, онаа меѓу вас што ширум ми ги отвори портите на својот дом и ме прими во него со чисто срце, ме разбуди од дремката што ме беше обзела.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Да ме беше ти кој знае до кога ќе се влечеше нашава работа и на кој крај ќе излезеше.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Грчот што ме беше стегнал во моментот кога Ана (кога Маргарита) почна да се качува по скалите кон коишто мене пристапот ми беше забранет, почна нагло да попушта под дејството на некаква сонлива малаксаност, пред статуата од бавни скали; одбив да мислам, доволно ми беше да знам дека и понатаму ја гледам, дека црвената чанта се качува кон улицата, дека со секој чекор црната коса ѝ потреперува врз рамениците.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Мене ме беше фатило мака што Методија толку ја завлечка работата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Го криев насекаде, долго вре­ме беше скриено во мојот чеиз.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Убедена е дека и вие сте биле таму!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Немаше да стигнеш до тука денес ако таа ме беше послушала!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Се зазоруваше... На крајот на Пасажот го станавме чуварот за да ни ја отвори капијата. 134 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не ме беа сèуште виделе...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сказалките горе, под стаклото, означуваа четири и петнаесет...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Си ги задига здолништата...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сигурно ме беа слушнале кај буричкам... дојдоа да отворат...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Излезе попладнево за прв пат кога ги слушна гласините...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Си ги открива бутините, долниот дел од стомакот...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Веројатно алудира на нејасниот крај на двајцата првоборци, помислив, но коментарот го задржав за себе си иако сфатив дека ме беше поканила да играме само за да ми го каже она што изгледа не смееше пред Раде.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Токму ваквата свест за состојбите ме беше поттикнала, при едната од визитите отворено да му изјавам на мојот иследник дека сум спремен да соработувам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Како да ме очекуваше иако сушност Утринава не ме беше поканил туку само беше рекол дека навечер можам да го најдам во таа кафеана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Знаете, јас ќе ви раскажам сè што знам – реков – спремен сум дури и своите сомненија да ви ги презентирам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Туку само затоа зашто добриот анѓел ме беше фатил за рака и ме водеше, ми наредуваше какви да ги сторам чекорите, на каде да се занесам, каде да се поднаведнам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тие веќе подолго време ме беа чекале, зашто без мене натпреварот во фудбал не може да почне.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Но и тој ме беше одбил како, божем, не сме доволно блиски за такви семејни средби.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Но тоа го открив многу подоцна, а во тој момент сè уште имав прилично надеж и храброста не ме беше сосем напуштила.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Мамо! Тетка Ане! Тетка Оце! – викнав. Се одзва моето ехо, доаѓајќи од далечните ридови, и ми се пристори дека ми се потсмева.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)