Ти конечно ме бакна, и како и овие дождови и секавици, како и овие ветришта, ме окова за себеси, и тоа што веќе меѓу нас се случи сега и Бог - господ не може да го спречи.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Мислам дека за да ме бакне малку се поткреваше на прстите.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Ме тегнеше да ме бакне, а сепак, очите му беа крвјосани како на волк и со злобен поглед.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Не чекаше и се залепи на мојот образ зборувајќи ми трескавично, во обид да ме бакне.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Бараа од мене да им нацртам по нешто, а понекогаш ме бркаа за да ме бакнат.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Не сакаше да ме бакне; му реков да ме бакне; тој рече: „Не. Прво дај ја чашата“, рече каприциозно, инфантилно, како да е мое дете; почнав да се смеам, се смееше и тој, и јас се предадов.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Но, без разлика на сѐ, девојчињата врескаа во хистерија од задоволство, аплаудираа; една дури дотрча и ме бакна во образот, а Земанек стоеше веќе неколку мига со моторот под себе и зјапаше во мене како да го видел Свети Петар.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Којзнае што ќе ми стане ако ме бакне, си мислам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Решив да го распрашам татко ми, кога ќе дојде да ме бакне пред спиење.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Викни ја мама да ме бакне, таа заборави на мене, затоа не можам да заспијам, - му реков и го прегрнав.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Кога дојде да ме бакне пред спиење, ми стана жал за неа што се грижи и што се плаши да има пиштол в куќа.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Спиј кога веќе не си доволно буден - заповеда пред да ме бакне.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Сите, сите ме напуштија, беа зборовите што таа ги изрече пред да ме бакне.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Првиот што ме напушти како што знаеш беше лично мојот Благоја, кој откако се прикажа мртов херој го избра заминувањето како единствено решение, а по него еден по еден му се придружуваа сите негови другари од борбата.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Потоа ми помогна да се помесатам кон ѕидот. -Сиот трепериш - рече.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
На тетка Олга ѝ се збрчка носот од миризбата што ја заплисна, иако се обиде да не го покаже тоа, а потоа претпазливо ѝ се приближи на полната шолја.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Откако убаво ме избакнува и ги натера и двете деца да ме бакнат по неколкупати во образите, ме доведе во дневната соба.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Мајка ми повторно ме прати да купам леб, но овој пат купив убав, бел, мек и дури малку топол, па кога се вратив таа не ме караше, дури и ме бакна.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
- Петар вчера се извалка, ха ха! - се изнасмеа.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Ме бакна во образ, го зема шишето вино што го донесов и ме воведе во собата.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
„Чагас заболување“, рече таа насмевнувајќи се и широко откривајќи ги своите големи и совршени заби.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
„Чагас заболување“, повторив не знаејќи што точно да правам со себе.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)