којшто (зам.) - стои (гл.)

Очаен, неуморно викајќи, почна да трча преку плоштадот право накај стражарницата, покрај којашто стоеше стражарот и, потпрен на својата халебарда, чиниш, гледаше заинтересирано, со желба да дознае кој ли ѓавол трча оддалеку кон него и вика.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Толе му појде на Аќифа, којшто стоеше меѓу жените, и без да проговори ни збор, го фати за затилок од широката флока и го извади од танецот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Погледни!“ - ѝ покажа на сестричката којашто стоеше покрај неа.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)