Новите економски практики на реапроприрање и преструктуирање на јавниот простор, заедно со 149 Benjamin H.D. Buchloch, “From Detail to Fragment: Décollage Affichiste,” October - Vol. 56 (Spring 1991): 100. 150 Naomi Klein, No Logo (London: Flamingo, 2000), 196. 151 Peter Sloterdijk, “Atmospheric Politics” in Making Things Public: Atmospheres of Democracy, ed. Bruno Latour and Peter Weibel (Cambridge, Mass.: MIT Press, 2005), 951. 118 отсуството на вистински јавна сфера дефинирано преку критички дијалог, ја зголемуваат нужноста и итноста за алтернативни дискурси на официјалниот во којшто доминира рекламирањето.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Маркетиншкото преоптоварување предизвикано од овој „бараж од комерцијални звучни ефекти“150 во голема мерка ги намалува позначајните можности за слобода на говорот, со штетни последици за демократијата бидејќи, како што нагласува Петер Слотердајк, „онаму каде што не постои место за противтежна моќ, таму владее страв, ограничување и ропско посматрање“.151
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
За од старото Отоманско царство, коешто се гордееше со тоа дека се состои од 72 „зрна просо” (народи, нации во пред- националистичката смисла на тој поим) да се искова нов граѓански идентитет, Ататурк својата нација мораше да ја доведе во спротивност со персиското и арапското наследство коешто доминираше со културниот живот на Отоманското царство.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Стравот од противречноста, од внатрешниот раздор и судир којшто доминира со хрватската политика и култура, е израз на историска незрелост и симптом на конституциска слабост на хрватското општество. Маргина 35 11
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)