којзнае (зам.) - дали (чест.)

Којзнае дали имам право на толкави чувства?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И којзнае дали требаше денес да ги скорнам воловите за на пасење.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
— Море ми, да ве пушчиме, токо којзнае дали сте за вера; да не ни донесете некоа беља, оти едвај истераме едни силници, сакаа да не изгазат преѓеска.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Којзнае дали ќе ме разберете и којзнае како ќе ме разберете ако ви кажам дека секое отворање на цртанката е танц на распалавени погледи и свечен отпоздрав на сончевата светлина, како што впрочем и секое влегување во океанот е нов чекор во вечноста чиишто сенки старите рибари се мачат да ги уловат во мрежите.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Којзнае дали не ќе ѝ текне на нунката така да го крсти?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)