којзнае (зам.) - уште (прил.)

И така беше сум зборувала, којзнае уште што не сум зборувала, сум ја гадела устата и за господа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги интересира планинава, Селиште и којзнае уште што.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Го праша како е со здравјето, како си помина на туѓина и којзнае уште колку прашања ќе му поставеше да не стаса кафето и да не го ѓибнеше на најосетливата жица.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Секој од беговите – поединци имаше по чифлизите свои луѓе: ќаи, буљукбашии, сејмени, гавази, чауши, и којзнае уште колку други ушаци, маѓери, арамбаши, субаши, кои ја составуваа неговата лична одбрана и сила, со која ги држеа во покорност сите христијани по своите чифлизи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Којзнае уште колку Рада ќе размислуваше и ќе зборуваше сама со себе, ако Роска не ѝ ја прекина мислата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)