Којзнае дали ќе ме разберете и којзнае како ќе ме разберете ако ви кажам дека секое отворање на цртанката е танц на распалавени погледи и свечен отпоздрав на сончевата светлина, како што впрочем и секое влегување во океанот е нов чекор во вечноста чиишто сенки старите рибари се мачат да ги уловат во мрежите.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Така велеше тој, иако не му беше лесно да прима внатрешна одговорност за едно дечиште што којзнае како мисли и како слага.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
А којзнае како му беше на дедо му у Путка. Племето негово лоповско.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Еднаш, една дијабола којзнае како залута во канцеларијата на секретаријатот и за малку на еден вработен ќе му го истераше окото.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Тоа траеше можеби половина час, можеби и час; времето не ми значеше ништо и јас ја гледав таа жена, чисто тело, за мене непозната душа, ја гледав со каква студена страст го прави тоа што го прави, како се подвигува, како се извишува сама од себе и помислив: „Којзнае колку била несреќна надвор, и којзнае како и колку ја понижил некој маж, штом може ова да го прави!“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Пуста Оливера, си велам, којзнае како ика дека ја умам?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Којзнае како е и како може да дојде?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Барем да го испоштам од вошките, што се вели, којзнае како му е таму.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Којзнае како е подобро, повторува и се смее.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тоа беше добро одмерено, тоа го одмерија кога се судрија очи в очи, а тој таму не се покажа којзнае како.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тие ќе се испозагубат, којзнае како ќе се испомешаат, а со тоа временската ситуација толку ќе се искомплицира што нејзината смрсеност не ќе ја одмрсат илјада волшебници ни по илјада години.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Некој убавец, којзнае како се мушнал во собичката кај другарката Оливера Срезоска и ете ти циркус, просто-напросто на генералимусот му ја бојадисал со бела боја левата страна од мустаќот, му ставил и некои други знаци на лицето.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Јас дотогаш понекогаш и си помислував дека и мене може да ми се случи да морам да заминам негде џенем, се разбира ако одлучи татко ти да си замине дома, во Новодеревјановское; жената секогаш е врзана со некој невидлив конец за мажот; ние сме сенки на чекорите на мажите; иако јас и не го прифаќав којзнае колку тоа; мислам на женското почитување ; но не зборувам само за себеси; зборувам за жените; за нивните среќи и несреќи; да, дотогаш помислував оти може да се случи и тоа, да заминеме некогаш заедно кон тоа негово Новодеревјановское; но тој ден, кога на чардакот кај дед Павел ја видов сета онаа церемонија, и оние глави без шапки што се веднеа пред Истокот како пред кандило, сфатив дека на Козаците и на другите Белогардејци им нема враќање, дека тоа никогаш нема да се случи, и дека стојам помеѓу луѓе откорнати од некоја огромна далечина и којзнае како довтасани дури до овде, до чифликот на некој си Турчин кој исто така е откорнат одовде и е фрлен којзнае каде, негде во Азија ли, во Анадолија ли, и тогаш навистина повторно помислив на Војните и повторно во ушите ги слушав проклетите војнички труби без да знам кој со кого војува, кој на кого му копа гроб, кој кого го черечи.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Којзнае како и зошто но во борбите против Османлиите и тетин ти се нашол помеѓу српските војски.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Рајските предели на Езерото” (во книгата езерото се пишува со голема буква), бистрата рекичка што бучно се влева во него и што всушност извира, односно истекува од него, јагулите коишто се провлекуваат и во речните и во езерските води, заминуваат, само Господ знае каде, и се враќаат, којзнае како!
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Гладна година велам, а којзнае како им е сега таму.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
На една свадба, не знам на чија свадба беше, очи ми не се сеќавам, којзнае како ми дојде, како ми избега од уста да речам: - Е што сакам, на секоја свадба да бидам невеста.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)