кој (зам.) - барем (чест.)

Корисниците - и 10-те проценти на учениците од средните училишта кои барем еднаш пробале - се чувствуваат еуфорично, емотивно и пријателски.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- За да владее подобро - се оѕва Аргир, кој барем од кога го познава Мита, никогаш за никого добар збор не рекол.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не сакаше да влегува во нерамноправен дуел со некој кој барем во интелектуалниот однос не му беше рамен.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Легнав со надеж дека големиот премор ќе ми донесе трошка сон кој барем малку ќе ми ја поврати силата за наредниот дел на патувањето низ Албанија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
14 Од неодамна имам свој shrink. Секој Американец кој барем малку држи до себе не знае кој е. Затоа секој Американец има shrink.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тоа ме порази бидејќи пораката на Ема, јас бев убеден во тоа, беше јасна: моите скришни погледи кон нејзините колена додека ја претуравме муницијата, биле доловени од некој агол кој барем за миг ја скривал искрата за која обично стануваме свесни откако ќе пламне во оган што нè обзема и во кој влегуваме без да размислуваме за крајната цел и за смислата на таквиот чекор.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Секаде може да биде убаво, ако се дружиме со луѓе кои барем делумно можат да навлезат во нашата аура.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Спаѓав меѓу неколкутемина, еве да речеме пет-шестемина кои барем според своите титули, бевме најважните во градот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не случајно со студиите за машката геј-култура што најинтензивно се сосредоточуваат на тоа прашање се зафаќале токму научници како Вил Фелоус и Џон Клам, кои барем делумно пишуваат и за неакадемското читателство, или интелектуалци од општествените редови, како што се Мајкл Бронски, Нил Бартлет и Дејвид Нимонс, чии дела спаѓаат надвор од канонот на квир-теоријата.85 ‌Општото одрекување на секоја и на секаква хомосексуална своеобразност, особено на културна своеобразност, е речовит симптом на нашава сегашна неволја.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- Ова е Влатко - новиот - ќе учи со нас! - се поздравува, се насмевнува, се врти де лево, де десно - зашеметен од вревливите разговори, гргорливи, сите во една единствена радост слотени... загледува, се надева - ќе здогледа некој лик кој барем малку би личел на неа - на Јана, некоја коса што би светнала како косата на Јана, некои темни очи како очите на Јана... попусто... попусто... нема... нема ништо слично, а пак исто - исклучиво не може да биде...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Имено, по ново, должникот кој ќе задоцни со исполнувањето на парична обврска долгува, покрај главнината, и казнена камата (чл. 266, ст.1 од ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Стапката на законската казнена камата се определува за секое полугодие и тоа во висина на каматната стапка од основниот инструмент од операциите на отворен пазар на НБРМ [референтна стапка] – што важела на последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие, зголемена за 10% во трговските договори и договорите меѓу трговци и лица на јавното право, односно зголемена за 8% во договорите во кои барем едното лице не е трговец...
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тоа е, што кај нас до лудило ќе те доведат, но попаметен уште никого не го направија.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Најпаметен од сите за мене е оној кој барем еднаш во месецот себеси будала ќе се нарече - способност, денес нечуена!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)