Човек слично или исто може да си мисли и за луѓето кои собрани на куп и кои иако завиткани во кожуви се измрзнати и молчат несреќни и јадосани - дека се безумни очајници кои, ете, во коложег дошле да копаат `рвеник на пуста рида без вода, или да откопуваат нему нешто незнајно - да не е тоа, неговото, Максим Акиноското, ѕвонливо и постојано повторувано во веавицата Алелуја, алелуја, алелујааа!
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Акиндин е веројатно вториот мошне значаен Словен, кој по Климент Охридски успеал да стане познат во Византија, а и во соседните земји.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
По него (по Варлаам) во Византија се појавил неговиот ученик Григориј Акиндин, кој иако јавно кажал дека не се сложува со Варллаам, трудовите го прикажуваат како апсолутен негов приврзеник и истомисленик.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Силните градски светливи на Дрезден како да нè заслепеа, а отаде кон Берлин, се спуштавме по убав асфалтен пат,кој иако заснежен, беше сигурен за возење.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ги отпечати расказите и со Зипото кој иако беше непушач секогаш ја носеше со себе, за пријателите пушачи да не ја прекинуваат сред збор нервозно буричкајќи во ташната и реторички извикувајќи „абе кај ми е упаљачот?“, потпали убав оган.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Џ. кој иако по долго и мачно работење се уште не е богат, секогаш одново се труди да ја пласира учтивоста: - Претпоставувам дека сте духовиот човек.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Сите останаа без збор, а Турците си рекоа алал за оваа жена, која иако не беше Турчинка, знаеше да се стави на правото место.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Беа два слоја од тој длабок снег, едниот беше здола и го зафаќаше високо до над колениците, а на неговата површина стоеше една дебела корка, која иако тешко, но сепак секогаш се раздробуваше под неговата тежина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Навистина сакам да знам колку звучат грдо во нејзините размисли оние одѕвонувања на глупостите кои иако скржаво понекогаш ја нашепнуваат и вистината?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Што се однесува до сегашнава моја положба, јас се чувствувам како оној патник- намерник кој иако сеуште не го изодил долгиот пат што наумил да го совлада, наеднаш, без некоја јасна причина, откако заноќил в туѓа куќа и убаво си отпочинал, се разбудува со чувство дека нема повеќе ниту намера ниту волја да оди понатаму.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Има добиено уредна покана, а еве, на учтив начин, и тоа на самиот влез, му се укажува на некои пропусти кои иако не се поврзуваат со неговото однесување, ниту пак му се товарат како негова вина, сепак го понижуваат него а со тоа ја засегаат и неговата личност.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
За можноста од остварување на своите права по судски пат тој се консултира со претставниците од синдикатот во фирма- та, како и со адвокат (М.Мишевски) – кој, пак, понатаму ќе го застапува во сите фази од работниот спор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Битно е да се нагласи дека Лозановски (а и другите вработени) никогаш не се реши да покрене судски спор поради престанокот на работниот однос, заради непостоење на формално-правна можност од евентуал- но враќање на работа и прераспределување во „Топлификација“ АД – Скопје, која иако беше надредено матично друштво и основач на „Топлификација Битола“, законски немаше никаква правна обврска да го решава статусот на работниците кои беа отпуштени поради деловни причини.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)