Најдо Акиноски, кој им беше син на закланите Михаила и Трајанка Акиноски и кој зашто беше посветен од Организацијата и излезен да комитува па остана незаклан, си подигна куќа на североисточните падини на Горник, веднаш над старата Дамческа куќа, над онаа во која, по делењето, останаа да живеат Дамчевци Џаџовци.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Никој не рече дека ќе павиме поплака кај властите во Прилеп, вели Костадин Дамчески кој е старешина на Потковицата и кој зашто е старешина и тој седи на чело на трпезата, од десната страна Максимова.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Лани и оломлани беше друго, вели Никола кој зашто изненадеж стана глава на сиот сој Јанчески се чувствува одговорен за сите нив и за сите нив стравува.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)