Со други зборови, привремените агенциски работници имаат право на учество на свои претставници во телата кои ги претставуваат работниците, кои согласно со прописите се формираат кај работодавачот корисник на ист начин како тие да биле директно вработени од работодавачот корисник за истиот временски период. (чл. 3-ѓ од Законот за измена и дополнување на ЗАПВ).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Работното време кое ги надминува законски утврдените 40 работни часа во една работна недела се засметува и надоместува во пократко работно време во други работни денови или преку слободни работни денови за времетраењето на договорот за вработување, а прераспределените работни часови не се сметаат како прекувремена работа и за нив не се наплаќа додаток на плата, со што директно се укинува прекувремената работа за оваа категорија работници, како посебен услов за работа кој согласно чл. 106 од ЗРО треба да биде соодветно надоместен.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
131 Интересно е да се наведе дека овој закон сеуште оперира со терминот „мнозински“, а не „репрезентативен“ синдикат, кој согласно измените на Законот за работни односи од 2009 година (Сл.весник на РМ, 130/09) се смета како носител на правата на застапување на работниците.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Како дополнителен заштитен механизам во иднина умесно би било да се воведе и одредена санкција (глоба) за работодавачот доколку не го запази овој и онака предолг временски рок; б) кај видовите на договор за вработување (на неопределено и определено време) најпрво дојде до дефинирање на поимите работник на определено време – „лице со договор за вработување склучен непосредно помеѓу работодавачот и работникот, каде што истекот на договорот за вработување е определен од објективни услови и тоа доаѓањето на одреден датум, завршување на одредена задача или појавата на одреден настан“ и работник на неопределено време – „лице со договор за вработување на неопределено време“ (чл. 2 од ЗИДЗРО/ септ.10), а се додаде и нов појаснувачки став дека оној договор за вработување во кој точно не е утврдено времето за кое е склучен истиот, ќе се смета за договор за вработување на неопределено време (чл. 7 од ЗИДЗРО/септ.10); в) со измените од јануари 2012 година се предвиде дека наместо дотогашната обврска на работодавачот да го чува договорот за вработување во работните простори каде што работи работникот, по ново тој тоа треба тоа да го стори во своето седиште (чл. 2 од ЗИДЗРО/јан.12); г) содржината на договорот за вработување претрпе три измени, една позитивна, а две на штета на работникот: 18 ● со измените од септември 2010 година во чл. 28 се додаде нов став кој предвиде обврска на работодавачот во договорот за вработување да мора да вметне одредби со кои ќе го информира работникот за ризикот кој го носат работните места, за посебните стручни квалификации и познавања, како и да го информира за ризиците кои согласно законските прописи би можеле да настанат на тоа работно место (чл. 10 од ЗИДЗРО/ септ.10); ● диспозитивната норма која им даваше можност за избор на „договорните страни“ да се повикаат на закони, колективни договори и акти на работодавачот при решавање на одделни прашања, доби нова формулација со обврзувачки карактер, односно сега при решавање на овие прашања двете страни треба да се повикаат на овие акти и договори, но само онаму „каде што е соодветно“!? (чл. 10 од ЗИДЗРО/септ.10); ● се воведе нов чл. 28-а кој ги регулира измените на договорот за вработување.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
1. Надлежни органи а) се утврди временски рок од 45 дена од денот на поднесувањето на барањето со потребната документација, за издавање, продолжување и одземање на работните дозволи, како и за постапките за издавање на сертификати, кои согласно овој закон, се спроведуваат од АВРМ (чл. 1 од ЗИДЗВРС/окт.11).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
27 Со носењето на Законот за трговски друштва (1996) се дерогираше терминот „претпријатие“, кој согласно со интерната правна терминологија не треба да се употребува во нашето позитивно право.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)