Мислеа дека тоа не е за мене, дека физички и психички нема да го поднесам тоа имајќи го со мене искуството од претходните потешки физички работи кои што ги работев во минатото и од кои секако имав по некои здравствени последици.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Луѓе кои секако живееле во различни села и кои меѓусебно контактирале.”
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Тие веќе го одложиле неговиот лет за Скопје зошто утре се држи друга конференција во Атина на која секако го очекуваат и него.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Па, си земам за слобода да речам дека е најдобро да си ја тркалаш железната пара на бош и да се дружиш на пријателска база со двајцата, додека не му здодееш на младиот, кој секако има помалку трпение од возрасниот, кој, пак, знае да чека до бесконечност затоа што е каваљер, а ти си неодолива.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Вечерта рано си легнав.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Прстенот кој секако ќе биде мој, оној ден кога ќе дојде време за тоа и кога можеби ќе отидам во Индија да го сретнам Игбал, Кашмирецот.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Еве вака почна измачувачката работа (која секако не беше неопходна, особено не за лицата на моја возраст, а што е уште посмешно, никој не го бараше тоа од мене) која го претвори мојот мозок, ма не во карфиол, можеби тоа е и премногу убав збор за тоа во каква состојба се наоѓаше моето мозоче, туку во состојба на препечено јаболче, од кое се извадени сите животни сокови.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Претпоставувате, мора да се работи за некоја современа магија која секако има за цел да ми наштети, знаете кога ќе тргнете од анализа на симболот на огнот и бла, бла, бла ...
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Тоа е среќно паганска желба, некаков вид давање благодарност, која секако повеќе го потврдува животот (ако така може да се каже за една хипотетична желба во последните часови) отколку последниот благослов или дури „доведување на своите работи во ред”.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Работите не одат на арно! – го промени веднаш текот на разговорот татко ми. – Со Сталин или без него, ние остануваме со нашите кози! – пресече Чанга. – Но независно од Сталин – продолжи татко ми – кај нас сигурно нема да доцнат „плановите за новата социјалистичка изградба”, кои секако ќе ги зафатат и нашите кози. – И во мене нешто коби.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Токму таа ќе набљудува како се спроведува европската љубезност кај работниците од услужните дејности - повторно, поттикнувајќи ги мрачните зборови насочени против новата револуција, против властите, што се изговараат во редовите на чекање, кои секако нема да исчезнат за првите десет дена, дури ни со западна администрација.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Воопшто: таа организација од нас е оценета како единствена совршена од сите што постојат досега, за годините на социјалистичката изградба на економските, културни и научни организации.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)