Има сопственици кои се толку приврзани за своите кучиња, за своите миленици, што и преку денот наминуваат во Пансионот да видат што им прави кучето, дали е весело или тагува, спие или лае, особено оние кучиња кои првпат доаѓаат во Пансионот и кои не навикнале на таков режим, одвоени од дома и од очите и гласот на својот сопственик.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Она што е исклучително важно, и во песните во кои првпат се пее за нешто за што не се пеело досега, се препознава типичната матрица на т.н. антеовска песна, еден од најбележитите и најзнаменитите певови во современата македонска поезија.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Секоја вечер седеше пред неа како пред божество; запишуваше нешто во бележникот; заокружуваше имиња на места кои првпат ги слуша; и се разбира, патуваше.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)