кој (зам.) - првично (прил.)

Но, сега наместо рокот од 60 дена, кој првично беше предвиден како период за поднесување на барањето од страна на работникот, е предвиден двапати помал рок – 30 дена од денот на поведувањето на работниот спор (чл. 262, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
За среќа, Триманова не беше во онаа група работнички кои првично ги повлекоа тужбите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Врз база на оваа реконструкција 9 јавниот обвинител од ОЈО Скопје (Ж. Крстевска Јосифовска), кој првично неосновано се прогласи за ненадлежен, сега беше должен да покрене кривична постапка пред Основниот суд Скопје I – што и го стори во април 2010, со Обвинителниот акт Ко.бр. 3832/08.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Само откако Јакшиќ, со внатрешна „инсајдерска“ помош на негови луѓе во МВР, успеа да најде и „ископа“ докази во службените полициски книги, случајот се врати во „постоечките“ настани и беше подлежен на реконструкција, во рамки на предистражната [полициско-обвинителска] постапка.8
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тие, немајќи потребно правно знаење, а и како поевтина варијанта, заеднички се обраќаат до адвокат (А. Мандак) – кој­ тогаш, пак како попрактично решение им изготвува индивидуални тужби и потоа, поединечно, ги застапува при преземањето на сите правни дејствија – сѐ до завршувањето на спорот, за што си наплаќа 10% од вредноста на целиот спор, плус адвокатски трошоци согласно Адвокатската тарифа (1993)8 – коишто во нејзиниот конкретен спор изнесуваат вкупно 4.760 МКД.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Откако наидува на крајно непрофесионален, дрзок и игнорантски однос од претпоставените и откако увидува дека е изманипулирана и практично не постои можност за вонсудско решавање на спорот, таа – заедно со уште десетина работнички 282 кои се најдоа во ист кош, а охрабрени од позитивното искуство на некои работнички од истото трговско друштво, кои уште од порано се одважиле спорот да го решат по судски пат – решаваат, во јули 2009 – та, да поднесат колективна тужба против нивниот довчерашен работодавач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)