кој (зам.) - побргу (прил.)

5. СТАНУВАЈТЕ МРТВИ ЖИВИТЕ ДА ВЛЕЗНАТ - при тој повик во гробиштата би настанал метеж не за кој прв, кој последен да падне во бездна, а кој побргу од бездната на површина да светне...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Сите со чашите се упатија кон газдата Вајс и газдарицата Хера, брзајќи кој побргу да се чукне со неа и да ѝ ја честита Нова година.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
А кога дојде генералот5 во Софија, вели, не знаевме кој побргу да се пријави за на Солун.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)