Втората идеја според Маерс била “примена некако ладно од Грците, кои очигледно немаат желба да се откажат од кој било дел од нивната земја во корист на македонското движење“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Виктор не го почувствува татнежот на срцето на онаа кон која очигледно не беше рамнодушен, но не го почувствува ни треперењето кое обично доаѓаше како бран при допирот на женско тело.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Се слушна гласот на неколку момчиња, кои очигледно беа се намерачиле да ги фрлат своите јадици и да уловат нешто во матно.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
На Ана, која очигледно не беше способна да биде мајка, судот ѝ го одзема детето.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Не сакаше да навлегува во овие мисли и повторно да ја враќа сликата која очигледно не можеше да се врати.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Хм, си велам, Достоевски е Достоевски иако една група мажи и жени, едни никакви луѓе, со даириња, со тапани, со бовчи, парталави, грди, кои очигледно лажат, крадат и убиваат без око да им трепне, јурат низ неговата куќа и ограбуваат сѐ што ќе стасаат.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Сето тоа го снимаа телевизиските камери, а ние овде гледавме директен пренос спрема кој очигледно некоја банда одметници, разбојници и терористи напаѓаа голораки деца, жени и старци што сите се згрозувавме.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Дури кога госпоѓата сврте да влезе во зградата во која очигледно работеше, дури тогаш таа набрзинка ја подзаврте главата в десно, го погоди со еден краток поглед и, сигурно задоволна, му се изгуби во влезот на зградата.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Не смееше да одговори, не сакаше со тоа да ги плаши волците, кои очигледно, со својот далечен виеж ја најавија ноќешната посета.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Само го слушнаа избезумениот глас на мажот, кој очигледно немаше со себе пасош и не можеше да дојде до нив.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Неговите јунаци се ортаци, другари, со имиња коишто не можеме да ги прочитаме, кои очигледно разменуваат банални забелешки: дијалог на глувите или на оние кои се замолчени.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Но фанатичниот сјај во очите на епизодистот, кој очигледно не се помирува со својата досегашна споредна улога, ако ништо друго ветува барем борба неизвесна но интересна.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Повеќето поранешни работници искрено се понадеваа дека конечно на нивната немаштија ѝ дојде крајот кога фабриката, сега преименувана како „Вел Порц“, повторно почна со работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
По некое време, а комплетно разочарани од новонастаната- та непосакувана состојба, како и револтирани од т.н. синдикат, кој очигледно седеше во скутот на новите газди – неколкумина похрабри и поборбени работници и работнички, меѓу кои беше и Б.А., формираа независен синдикат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, за брзо време старите проблеми пак се вратија и работниците почувствуваа дека нивните надежи се изјаловени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)