Ништо и - никого На сонот ништо и никого и некаде пред зори, само, гласот на мајка ми која одново ме поучува - ќе боли, ужасно ќе боли тоа, но ти слушај ја мајка: секогаш боли мртвото кога оживува тоа мајка убаво го знае.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Сонот ми вели брзо ќе ми се вратиш, брзо...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Барем еден од ова камење кога би го кажал она што го премолчува - би се покажало нешто како море среде кое одново ќе стоиш Ти - на песната бајракот вечен.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Совршена е навиката, секогаш кога ќе се чувствувам несигурно, потиштено, тажно, кога душата ми е разгалена, да легнам до мајка ми и да ја барам прегратката во која одново и одново се раѓав.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Совршени се и звуците во утрата летаргични.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Признавајќи ѝ ја важната улога за вештините, на алхемичарите не им било тешко на солта да ѝ го признаат статусот на каменот на мудроста.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Откако спомена дека во филозофската алхемија солта е космички принцип со истата парадоксално двојна природа на тајна супстанција, Јунг наведува голем број алхемиски извори кои одново ја потврдуваат идентификацијата на солта со Каменот на мудроста.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
По смртта на сликарот Столпник, во неговата куќа луѓето ја најдоа последната негова слика: неколку муренкови стебла излезени заедно од земјата од еден ист корен, од едно исто 'ртиште и плодиште; додека излегувале од земјта, си давале сила едно на друго, си помагале, а потоа секое на својата судбина се препуштало: едното: напинајќи и грабајќи ја лакомо височината, се истенчило, се искривило, како змија фатена за опашка; гранките му откажале во овој тежок напор да го следат, и тоа, полека, болно, се превиткува надолу и тоне со главата кон земјата; под вратот има заглавено висока потпирачка со чатал што не му дава да се скрши и струполи на земјата; но сето тоа е така болно и тажно штом тоа самото не може без потпирачка да се додржи; другото: робувајќи им уште од излегувањето од земјата на многуте фиданки што лакомо наудриле од него како човек со многу пород, и грижејќи се за нив да порастат, да се здебелат и рашират, постепено станало нивна жртва; тие, не мислејќи на него, се туркаат меѓу себе, грабаат од просторот, се надвишуваат меѓу себе, не водејќи сметка дека еден ден од тежина или од силен ветар, ќе се струполат заедно со тоа мајчинско стебло што им дало живот и повеќе никогаш не ќе кренат глава: ќе умираат постепено и ќе се сушат на урнатиот стеблак; трето: или по сој или така му бил благословот: кога му дошло време за плодење како господ да му се распашал: преполно е и се крши од плодови; капи благ сок од муренките како на доилка кога ќе ѝ надојде млекото; пониските гранки од тежина се спуштаат до земјата и се потпираат да си го намалат бремето; четврто: уште од раѓањето анемично - и до крајот на животот анемично; што можеле другите да му помогнат, му помогнале долу под земјата во времето на 'ртењето и пуштањето на корења; а згора: секое со својата среќа и судбина живее, како птиците кога ќе пркнат и ќе го напуштат седелото; околу него има мала оградичка од штички што го штити да не се чеша стоката од него или да го гризе; кога еден ден ќе се исуши, ќе остане така заградено со штичките како споменик: ако од него избијат нови фиданки, тоа ќе бидат посмртчиња кои одново ќе започнат борба за живот; петто: препуштено е на судбината и на бога: здраво-прездраво е родено, пркнато над земјата, а веќе едната половина му се суши; стои како човек парализиран на кого само едната половина му е подвижна; прави напор да расте и да ја влече со себе и другата половина што му стои како мртовец врзан за плеќи; најтешко му било првите години додека свикнало на тој напор и на тоа проклетство а сега просто ѝ е препуштено на судбината; она шестото, седмото, осмото, што откако излегле од земјата, помислиле дека сè можат и сè е нивно, живеат двоен живот; двојна среќа имаат: на едни сè им е едно во кој правец ќе се развиваат: нагоре, надолу или настрана; не размислуваат ни како да ја оформат својата крошна за подобро да се заштитат од ветриштата и снеговите; не се грижат и не размислуваат дали некој пред смртта ќе им стави потпирачка под мишките или вратот за да не се струполат притиснати од својата негрижа, или дали по својата смрт ќе остават потомство; се шират и живеат како што милуваат.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Тоа е сè што може човек да забележи гледајќи ги стеблата.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Борбите на фигурите личат на опсади,опсади на цврста тврдина, во кои одново се докажуваат неочекуваноста на акцијата против прецизноста на одбраната.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Благословено е делото на Јуда Макаби, врви низ главата на Елеазар бен Цви повторената бенедикција за Макавеецот, зашто Господ прави чудо и менората со она малку масло наместо само еден, гори цели осум денови и го осветлува и осветува Домот на Севишниот и Единствениот бог на кој одново му се принесуваат жртвите во Хамизбеах. Раби Елеазар бен Цви не гледа веќе прикази.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Кога пак Јаков ќе заминеше, таа не можеше да заспие и ги впиваше во ноздрите, исцрпена од дивата љубов, мошусните мириси што во нејзината постела ги оставаше неговото жилаво темнокожо тело и кои одново ја преплавуваа и до болка ѝ го јакнеа копнежот по него. Утрото го обои прозорецот во румено.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)