Во двата случаи, се работи за белгиски уметници кои излагаат во Париз, изигрувајќи селаништа кои одеднаш се нашле во библиотеката и меѓу среброто на аристократите во центарот на светската уметност.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Моќниот лифт, кој одеднаш собира по 60 луѓе, за неполн минут ве искачува до највисоката топка на Атомиумот, а таа се извишува на 115 метри.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Зборот „киберпанк” воопшто не се појавува во Neuromancer, но го употребуваат критичарите за да ја окарактеризираат новата книга на Гибсон и новиот жанр кој одеднаш преплавува сѐ.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Се чувствуваш бескрајно слаба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
По патот на не знам кој Мебиусов ефект и претставништвото исто така се свртело против самото себеси и целиот логички свет на политичкото со самото тоа се растурил, отстапувајќи му го местото на еден бесконечен свет на симулација во кој одеднаш никој повеќе не е представен ниту претставува било што, во кој сѐ во ист момент се акумулира и растура, во кој дури исчезнал осовинскиот усмерувачки и спасоносен фантазам на власта.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
„Ако си анемична, има мигови во кои одеднаш не можеш да слушнеш ништо околу себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Е, тоа се вика вистинска банда, - се помислив воодушевено, погледнувајќи, не без презир, во моите момчиња кои одеднаш ми се видоа многу нежни, неприлично облечени во фармерки и патики, убаво исчешлани и премногу чисти.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Замислете си една таква личност која одеднаш, по некое чудо, прогледува и почнува да слуша, кога сонцето изгрева над убав планински гребен, на чисто сино небо, и кога јаболкниците се во полн цут.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)