кој (зам.) - оддалеку (прил.)

Дека тоа што се случуваше со човекот и кучето беше нешто необично, сведочеа и намерниците со кои, накуцнувајќи, патем кон дома се среќаваше, кои оддалеку се загледуваа во оваа подвижна радост што со својата разиграност ја покажуваше кучето, така што дури и подзастануваа правејќи ѝ пат на необичната двојка да помине и обѕрнувајќи се назад, не можејќи да се доначудат и надогледаат.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Филиповиот сопатник од кабината, инженерот Жил Бутрен, седејќи крај металната масичка, си го пиеше пијалакот во сенката на чадорот со боја на пламен, кој оддалеку прилегаше на огромен портокал што плови по морето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Куна не купија, зашто, навистина, беше скапа; а наместо неа одбраа фока, најдобра фока каква што можеше да се најде во дуќанот, која оддалеку секогаш наликуваше на куна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Да зборуваме за нешто друго... Што правевте вчера во Скадар, кај отидовте со толкава љубопитност за да видите некакви турбини со своите очи?“ „Ништо“ рече инженерот. „Освен што фрлив поглед на некои сомнителни работи околу браната, сето друго време го минав барајќи една кула.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)