кој (зам.) - одвај (прил.)

Имало кози кои одвај се извлекувале, го спасувале животот по долгата опојна прегратка на незауздивиот прч.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Луѓето какви што се оние во Маказар најмногу се интересираат за постанокот на светот, или дали земјата е округла или плочка, тоест за најкрупните работи за дел од кои одвај може да се даде дефинитивен одговор, а потоа, се разбира, за она што е најблиску до нив, во случајов, и за оние нешта од минатото, за кои раскажуваше Владе.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Првпат во Маказар, па уште овде на моите скали, во мојата куќа, што се вели, доживеав подбишега од луѓе во кои одвај да сум погледнувал.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Срамота е и греота, толку бакшиш ти донесе, та утре да боледува човекот — почна да ја „кандисува“ Трајко Митра, која одвај чекаше ова да го слушне.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По десетина минути жестоко мавање ја спушти секирата, седна врз дабовиот трупец, од кој одвај успеа да откорне две, три поголеми иверки, па тешко дишејќи, ја погали рапавата кора на Јурукот, шепотејќи: - Прости ми, Јурук, морав со некого да се мавам!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Притоците, стиснати меѓу ѕидовите од паднатите кеменести планини, навистина беа само брзаци што кривулат по избраздените сувидолици, покрај кои одвај има место за коњска врвица и за понекоја ливатка колонеж.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А сега оддеднаш тој се одвои од неа и стана одвоен, лицето му се измени, цртите му се преобразија во црти на човек кој одвај личеше на Милан.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Потоа ќе ја здиплеше изветвената карта на која одвај се распознаваше слободата И на која уште светкаше огнот на вкрстените мечови Врз белата пепел на предците.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Тоа е белег на трудот и потта на овие молчаливи луѓе кои одвај изустуваат по некој збор и не не гледаат в очи, туку в земја или настрана.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Така, светската театарска сцена би била преплавена од драматизации на славни книжевни дела, како што се: „Процес“ од Кафка, „Ана Карењина“ од Толстој, „Страдањата на младиот Вертер“ од Гете, а нашата, пак, од оригинални дела на автори кои одвај можат самите да се прочитат, разберат, а уште помалку да ја наведат публиката на тоа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Како да се затворат очите на светот да не гледаат во неа, оние кои одвај чекаа да ја исплукаат и да ја понижат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Impacientissime al pennelo (...)”: како оваа особина да не му ја припишеме на пустиникот на современата уметност, кој, откривајќи, според сопствените зборови, колку сликарите станале „глупави”, можел само да посака да се одвои од нивното братство, па и тој оттогаш да живее ден за ден, одалечен од светот, во повлеченост чија што тајна остана зачувана, да им се предаде на активностите толку необични и разновидни што вечно мораат да носат промена, на човекот кој одвај да е уметник, едвам писател, малку шахист, повремено музичар - кому и чуму всушност?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Сум одел преку една река со матна вода, минував преку една греда по која одвај се задржав, но капата ми падна во матната вода.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Снегот беше уште повисок. Недалеку од Бенче го изгубивме патот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Спиевме во една соба во Бенче и газдарицата, постара жена, него најубаво го прими, го покри и изутрината го прашува: Милане, што сонуваше, а тој го кажа сонот: Бабо не сонував ништо убаво.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Имавме два водича кои одвај ги натераа да нѐ водат до Ќафа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кога беше во прашање лотаријата, дури и луѓето кои одвај умееја да читаат и да пишуваат беа способни за сложени математички операции и за изненадувачки подвизи на меморијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа стоеше покрај портата на ѕидот, под уличната светилка која одвај осветлуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Чадот од полусувите цепаници одвај излегуваше низ чатијата и баџата на неговата ниска куќарка - тоа беше знак за неговата полужива душа, која одвај поземаше сила за понатаму.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сѐ она што се случуваше долу, во она измешано шаренило со свеченост, му се причини видено некогаш: дали во оние ретки соништа на кои одвај се сеќаваме, или на некои од приемите што наеднаш ќе залутаат помеѓу другите настани на малите екрани!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Ете, уште една желба и задача за во годината во која одвај зачекоривме“, рече тато Петре, кој оставаше дедото и внукот да си разговараат.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Речиси секој втор ден таа ме викаше од работа и со глас кој одвај сокриваше радост, детално ми зборуваше за некоја нова и страшна болест штотуку откриена.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ме дочека на врата со свилено кимоно со длабок изрез и со пар аждери со испреплетени опаши.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Косата ѝ беше подигната како токму да излегла од када и мирисаше на „нокзема“ крема* и „фајсохекс“.**
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Куќичките од двете негови страни малечки и искривени во разни бои, со прозорчиња со дрвени капаци, зелено и жолто обоени, и со вратнички низ кои одвај може да влезе возрасен човек.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Се прекрсти попот, се прекрстивме сите по него и потем тој промламушти нешто како молитва, во која одвај разбирав по некој збор.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Пријатни му беа ноќните другарувања и времето поминати во кабината на пониклуваниот камион што го возеше Марко, но најмногу ја сакаше онаа нестрпливост со која одвај чекаше пак да ја види Су.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се стрчав радосна. На мојата работна маса стоеше разгледницата со многу убава фотографија од Лондон и со ваков текст, што го нашкрабал брат ми набрзина, со оној негов ракопис кој одвај го разбирам: Од вашиот син и брат Ведан Здраво мајче, здраво татичко, здраво Гонцо!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Беа полни со смеа, со дружења и со разговори, и уште на сето згора оние очи на Мартин кој одвај го познавав, а веќе ми се всели во мислите, тие очи, токму такви како сините очи на мојот идол артистот Леонардо ди Каприо!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не знам како да почнам. Овде е генијално.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ако останев во градот, ми се укажуваше шанса Мартин подобро да го запознаам и почесто да се дружиме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)