кој (зам.) - овде (прил.)

Во мислите, тој пластеше аргументи дека во овој град сигурно ќе најде и клучни документи за својата Историја на Балканот низ падовите на империите, особено за Отоманската која овде имаше оставено многубројни сведоштва и загатки што остануваа неоткриени.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Горе над селото, на сртот на Зајачки Рид, кој овде се вика уште и Веселички Рид, десно од патот, кој доаѓајќи од селото и префрлувајќи се преку ридот се спушта во Потковицата, во еден густеж од капини, над кого се издига закржлавена слива, има еден пак безимен кладенец.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во исто време, меѓутоа, во градот се слива река од нови луѓе - излетници од земјата или странци кои овде допатувале по деловна работа или како туристи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Колку и да е скромно облечен обичниот човек, не е така со оној што има пари и затоа тој прави чуда во екстравагантноста која овде, во повеќемилионскиот Париз, не остава никаков особен впечаток, можеби само на новодојдените.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Фанцузинот, како што е познато има едно невообичаено хоби за нашите поими, да ги сака кучињата, со кои овде се води цела трговија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
ПОД големиот мост во Келн, на оној мост што служи и за железницата и за пешаците, под чии сводови минува автомагистралата за Бон, речиси на дофат на монументалната Келнска катедрала и на главната железничка станица, а покрај павирните кејови на Рајна, од каде што, како ехо, допираат звуците на бродските сирени, кои овде како густи јата ја сечат реката во обата правца, во близината на трговскиот центар, се наоѓа „црвениот“ Келн, кој своите светлини ги пали во првите вечерни часови, а ги гасне во првите мугри...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На саемот излагаат и југословенските производители на стилски мебел, кој овде, во Германија, има многу добар прием.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Париз и лете и зиме е оној Париз кој може да се сретне и почувствува низ неговото секојдневно сивило, со безбројните автомобили кои овде особено во неговите центри, го загадуваат воздухот и затоа тешко се дише.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И така, додека прашките граѓани неделите ги минуваат во починка, дотогаш гостите, кои овде ги има од сите краишта на светот, се на нозе и талкаат по прашките реткости, за да видат што повеќе од нив, да ги запомнат и да понесат што повеќе убави впечатоци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се сретнавме со палирот Александар Милин, кој овде работи пет години. Од Битола е.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Трговијата со порнографија и со евтина секси булеварска литература, која овде, на „Пигал“, се продава на секој чекор, ја немаат во свои раце Французите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
ВО ПАРИЗ сретнав многумина наши луѓе - работници и други, кои овде дошле на печалба.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во неа е најубавиот хотел „Интерконтинентал“ во кој едно легло чини и до 60 долари, а тука се чести гости и Југословените, кои овде доаѓаат службено.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ако ви се случи во подоцнежните ноќни часови да минете, се разбира, со кола, по убавата магистрала на Босфорската ривиера, тогаш гостољубивите ресторатери и хотелиери ве тргаат од колата и ве вовлекуваат во локалите или пак она што ќе го побарате ви го носат во колата, па и топлиот салеп, посипан со иситнент дарчин, кој овде насекаде се точи и пие.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Затоа на огромни паноа, на ѕидиштата по сиот Келн е истакнат овој знак на келнската колонска вода, која овде се произведува многу години, поточно со векови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Со тава од фурна, со печено месо на жар, со риба пржена во тавче, со домати и пиперки, и со лубеници, кои овде лете ги има многу.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сиот брег, кој овде се протегал на повеќе десетици километри (Бургас - Ахтопол 75 км), е густо начичкан со луѓе, десетици и стотици илјади летувалци се населиле на овој брег.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Гостољубивите домаќини се погрижиле во „картите на јадење“, кои се отпечатени во боја, да внесат мала историја од која се разбира кој овде наминувал од познатите француски уметници, белетристи, револуционери.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во Ардените, пак, да се вратам на оние прекрасни романтични места покрај Урт, сретнав безброј населби, села, селца, попатни кафеани, бензински пумпи, кои до еден стојат на дофат од раката на гостите, кои овде, во текот на целата година, доаѓаат со стотици и стотици илјадници.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Обата брода, сите нивни внатрешни простории, беа преполни со елементи на мебел, но дрвото, како материјал, отсуствуваше потиснато од полиуретанот, кој овде беше демонстриран со сите свои функционалности.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
УЈ ТОА Е еден од помалите градови во Белгиска Валонија, на обата брега на Меза, која овде е плодна и е таква сè до својот влив во Северно Море.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Келн под мостот на Рајна има свои привлечнисти, зашто овде многумина се собираат, за разонода и забава со герлите, кои овде се среќаваат на секој чекор.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во Уј бев на гости кај мојот сонародник Драган Христов, кој овде толку се натурализирал што и не се разликува од луѓето кои тука се родиле и тука живеат.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но овде беше најсреќен што ќе работи крај Татко, кој овде беше донесен од Институтот за национална историја заедно со сиџилите, кадиските записи од битолскиот кадилак од XVI до XIX век, кои ги откри и на кои им го посвети животот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ваквиот концепт овозможи поголема селек­тивност отколку во дотогашните филмови во коишто е чувано единството на времето и местото, па така изборот на епизодите во Девојките од челзи прет­ставува и збир на дото­ гашните Ворхолови филмски постапки.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тоа се значи портрет­ската ролна (со Нико и музика од Велвет Андерграунд), потоа ритуалната ролна (соблекувањето и моно­логот на Ерик Емер­­сон), театарската ролна (Мари Менкен и Џерард Маланга) како и инци­дентот кој овде се појавува во својата нај­ра­звиена форма: ролната со Ондин веро­јатно ја содржи најимпресив­ната секвенца која Ворхол некогаш ја снимил.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
На екраните за евиденција на народот се пренесуваа слики од згрозеноста на лицата на нас кои овде седевме и ништо за тоа таму не знаевме.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Токму поради дегутантните количини на романтизам кои никако да покажат подруг квалитет освен оној кој овде слободно би го нарекле -трагикомичност, и повторно ослободени од целокупниот лажен морал на современиот хуманизам.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
„Маргина“ ќе настојува да се занимава и со творечки форми кои овде (во Македонија) до сега немале никаков простор; на пример, во литературата, научната фантастика (низ преводи на врвни имиња: Бредбери, Гибсон, Силвербег, Балард...) или криминалистичкиот жанр (авторите како што се Хемет, Чендлер или Ле Каре денес се изучуваат во сите светски работилници за креативно пишување!)...
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Да ги наведеме датумите на настанување на некои дела кои битно го обележија ова повторно откривање, односно оние што ја потхрануваа оваа легенда: Walter Pater, 1873; Be- 10 Margina #3 [1994] | okno.mk renson, 1896; A. Rosenberg, 1898. i 1913; Muntz, 1899; Heinrich Wolflin, 1899; Merejkowsky, 1901, со својот славен Роман за Leonardo da Vinci; Gabriel Seailles, 1906, со својот Есеј за психолошката биографија; Lio- nello Venturi, 1919; и, се разбира, не можеме да го заборавиме текстот на Freud, Еден спомен од детството на Leonardo da Vinci, 1910, како и есеите на Valery за кои овде станува збор: Увод, 1894. и Белешка и дигресија, 1919.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Немичкиот јазик за кој овде станува збор се прави со додавање на „па“ зад секој слог. Така, јаболко на немички ќе биде „јапабопалкопо“ или книга-„книпагапа“.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Никогаш/ Ѕвонењето на тајниот телефон со кој овде, во собава; се материјализирав во настани на иднината.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Заедничка им е само тематската преокупација: имено, расказите со кои овде ги претставуваме тематски се врзани, на овој или на оној начин, за градот Скопје.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Европа не брза да ги распознае работите кои овде веќе беа потресно почувствувани.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во текот на моите дипломатски години се најдов во Типаза и Картагина, двата доминантни топоса на медитеранските екстази и историските негации кои се во генезата на филозофијата на апсурдот во универзумот на Албер Ками.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се обидував, да ја споредам својата судбина на балканскиот дел на Медитеранот, на Охридското Езеро, како негов некогашен дел со камиевската во потрагата по енигмите на природата и забрзаните одговори на историјата, посебно балканската историја, како и реакциите на големите поети на светот, кои овде ќе минат неколку рајски денови(Андре Френо)...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Меѓутоа, причината поради која овде ве збрав, сигурно ја наслутувате, се однесува на иднината на Езерото. Се вестат пресвртни времиња...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
На никој друг повеќе одошто на Татко не му беше појасно зошто во тоа дисхармонично време, кога војната им се закануваше на луѓето и ја нарушуваше вековната хармонија, Игор Лозински задлабочено се внесуваше во микроживотот на Езерото, трагајќи по милијарди микроорганизми, кои овде со стотици илјади години пред луѓето живееја во постојана хармонија.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Некои летаа кон блиската тврдина на ридот, преку реката, а други продолжуваа кон Дрвениот мост, кон класичното здание на Театарот, со кој овде меѓу двете војни се посади Европа, макар и со задоцнет бароктен стил, со статуи и маски, кои контрастираа на соседните градби од отоманските времиња.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Таквото езеро го привлекуваше човечкото око низ историјата: на Римјаните кои овде го изградија патот Виа Егнатиа и го основаа градот Лихнидос, на Византијците, на православните, кои направија од Охрид доминантно место во својата сфера на влијание.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко чувствуваше дека ќе може да му ја довери на овој град судбината на своето семејство, посебно на него­вите деца кои овде можеа да учат во добри училишта, а со надеж дека, еден ден, ќе се кренат и границите што го делеа од неговиот народ.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Обично, лежев така со саати на каучот, во целосна темница и размислував за разни работи со кои овде немам воопшто намера да ве давам. зашто, за среќа или несреќа, немаат никакво влијание врз настаните што овде ви ги прикажувам.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)