кој (зам.) - нормален (прил.)

Него го контролираат природните пејсмејкери, кои нормално му осигуруваат рамномерни и правилни отчукувања, но понекогаш тие воопшто не работат како што треба и тогаш наизменично се јавуваат подолги и покуси паузи меѓу отчукувањата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Резултат на тоа е одбивање на доминантното сексуално – и родово – кодирање на културните вредности и калење на нестандарден, дисидентски однос кон културните практики, однос поусогласен со геј-желбата. ‌Машката геј-култура не ги позиционира баш своите субјекти во некоја меѓуположба – да речеме, на половина пат – помеѓу мажественоста и женственоста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Всушност, помага да се воспостави геј-идентитет што не се изедначува направо со ниту една постојна родова положба, туку кој се дефинира преку својата дисонантност, преку отклонот од конвенционалната родова мапа на мажественоста и женственоста. ‌Машката геј-култура ги користи женската субјектна положба и женствената идентификација за да му се спротивстави на нормалното кодирање на културните предмети и активности според некој строг родов поларитет, машки наспроти женски, истовремено заземајќи и женска субјектна положба за да овозможи сексуализирање – всушност, хомосексуализирање – на културните активности (спортовите, операта) кои нормално се кодираат како хетеросексуални.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Наместо тоа, искажува нешто друго – нешто карактеристично геј.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој можеше да гледа и да слуша, но некој контролен механизам внатре во него, кој нормално ги филтрираше звуците и ги фокусираше надворешните предмети, беше збудален.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А тоа станува возможно откако спортското натпреварување ќе се ослободи од неговата конвенционална функција во хетеросексуалната култура – односно, откако веќе нема да функционира како средство за терор со кое се заплашуваат момчињата со цел да се сообразат со мажественоста – и ќе се преобрази во средство на противјавноста за заедничка машка геј-свесност, за свесна еротска и културна солидарност. ‌Овој пример за женствената машка геј-идентификација, тогаш, всушност, не изразува ниту некоја основна женствена природа ниту таква машка природа, ниту нешто помеѓу.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Така, на пример, не може да се заобиколи фактот дека транснормалните облици на свеста, кои спонтано се јавуваат во текот на творечкиот чин, дури и кога се поттикнуваат со помош на вештачки средства, можат да бидат корисни за личности кои во себе носат креативни можности, бидејќи доведуваат до напуштање на конвенционалните психички граници, до распад на категоријалните функции и идеационите бариери кои нормално ја одредуваат перцепцијата на времето, просторот и нашиот однос со физичкиот свет.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)