кој (зам.) - никако (прил.)

Кога читаме дека козата е закоравен непри­јател на социјализмот, или „смртта на козите – слобода на народот”, го насетуваме не само апсурдот на проблемот но и чувството на комичното што произлегува од поимите кои никако не се соодветни!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Токму поради дегутантните количини на романтизам кои никако да покажат подруг квалитет освен оној кој овде слободно би го нарекле -трагикомичност, и повторно ослободени од целокупниот лажен морал на современиот хуманизам.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
За да си најдеш сексуални партнери, мораше да се фатиш за некоја од институциите на машкиот геј-друштвен живот: баровите, бањите, Црквата на метрополската заедница, месната деловна геј-асоцијација, геј-моторџискиот клуб, геј-хорот, некоја од политичките геј-организации или групи за притисок.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сексуалната лишеност е темелна и пресудна за субјективните искуства на геј- мажите, не затоа што сите сме патетични сексуално изгладнети изопштеници кои никако да успеат да си најдат прифатливи партнери, туку затоа што задоволството на возрасните не може баш да ја надомести претходната историја на неисполнетост. (Како што вели Џорџ Хагерти кога зборува за гејството на пасторалната елегија, „Љубовта сочинета од загуба е љубов што изнедрува копнеж што не може да се исполни“.263
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Граѓата на масовната култура (како наша прва култура) спроведува душевни текови со ефикасност на која никако ни од далеку не може да ѝ се рамни ниедна повисока граѓа од никаква втора, наредна култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Вистинскиот извор на тој глад, имплицира Бартлет, е отсуството на еротско задоволство од мошне општ и основен вид.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
До интернетот имаше уште деценија-две, а мобилните телефони сѐ уште не беа ниту на повидок.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Немаше тука бирање со кого ќе се дружиш и дали ти биле по мерка, дали биле од оние типови што ги цениш и што би сакал да ти бидат пајташи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во голем број од тие друштвени окружувања, особено во сексуалните иснтитуции како што се баровите и бањите, сигурно ќе сретнеше секакви луѓе со кои никако не би се запознал во сопствените друштвени кругови, како и разни луѓе со кои не би ти ни паднало на памет самиот да се запознаеш, па и куп луѓе со кои никако не би сакал да те најдат ни мртов, да беше до тебе. ‌Ама не беше до тебе.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И многумина правеа така: тоа беше геј-соодветник на Исходот. ‌А ако ти се присакало секс, во тоа време, мораше да излезеш од дома.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„И, на главата сте ја заборавиле оваа капа, која никако не му прилега на вашето одело, ниту пак на вашето дело,“ рече и ја симна капата со зелени туфнички од главата на брат ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„А сега ајде, ќе ве испратам до дома, па таму во топлиот брачен кревет ќе можете мирно да сонувате, сеедно дали свесно или несвесно.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога таа вечер си одеше накај дома по градските улици кои бликаа со живост, како на само десет километри оттука да беше Лас Вегас, а не фронтот, очите му беа насолзени – што од студеното ветре што доаѓаше некаде откај планините, што од чувството дека сите што ги знаел и во кои верувал некаде заминале, та останал само тој, сосема сам на некое непознато место, опкружен со туѓинци со кои никако не може да се разбере.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сите глупости што сега му паѓаа напамет без никаков посебен напор, а на кои никако не можеше да се сети кога на училиште од него бараа точно да ги репродуцира за да ја поправи оценката, за нејзината конкавна (или пак беше конвексната) слика (т.е. двојката) да ја врати од главечка во нормална положба (т.е. во петка).
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И по кој знае кој пат ќе се почувствува "заглавено", во град на дивоградби и лоши луѓе, во јануари кој никако да мине, во минус на тековна, во плус на килажа, во свет кој станува сè понесигурен и понапнат, во сопствената кожа.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Цела ноќ Томо во полициската станица ја раскажуваше вистинската верзија на настанот, која никако не се совпаѓаше со навезената приказна на налудничавата Ана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тоа „се случува ли нешто“ го кажа со омаловажувачки тон, кој никако не можеше да се провре незабележан од Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ова не беше случај со Јана која никако не можеше да го оттуѓи овој имот .
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ред од мажи и жени полни со револт и приказни за „нивниот“ случај, кој никако да се реши.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Борбата траеше цела зима и пролет. (Беше некоја лоша и студена пролет која никако не му дозволуваше на летото да се пробие).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Она што не може да се искаже, кое искусните и напатените луѓе го чуваат во себе како скриено добро и кое, само понекогаш, несвесно им се одразува во погледот, движењето и зборот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Размислував за оваа позиција на генералниот секретар која никако да фати корен во нашата дипломатска традиција.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таа го сакаше мирисот што ја обземаше во тој миг, тоа не беше мирис ниту нејзин, ниту на Лилица , ниту на Андон, тоа беше некој мирис на ветрови што се раѓаат одвнатре и носат реа на пот и плодност, мирис кој тешко може да се именува, како кога ќе влезете во кафеана во која никако не можете да кажете од кое јадење е тој мирис што ве тера со стрв да подголтнувате, затскривајќи се тоа да не го видат другите.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Двете фуги од Музичката понадица се фрапантни примери за фуги кои никако не би можело да се компонираат по „рецепт“, со оглед на тоа што се многу подлабоки и не се задоволуваат со обичниот „фугалитет“.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Италијанецот кој никако не јадеше од јагулата, рече: - Знам за тој нивни пат... Но сум чул дека јагулата е отровна...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Врвевме по алејата на великаните. Се наслушнуваа лелекања на тажачките кои никако не успеваа да пронајдат доволно ветки за да ги спрострат своите црни платна на болката.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Затоа и ми се стори невкусно кога токму овде Катерина избрза три-четири чекори пред мене за да ја изведе онаа заводлива игра со колковите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А, кога таа вечер отворив уста да ја прашам дали ќе нѝ раскажува, го добив одговорот на кој никако не можев да се надевам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Доста беше за денес, - рече со мирен и питом глас чичко ми, глас кој никако нему одговора на неговиот надворешен изглед.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)