Селаните и песна му испеаја на Лумана, песна во која никаде не се спомнува дедо геро војводата ниту пак некој од неговите комити.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
кај станицата синџуку во токио тој петок, да беше петок, се собираа педери кои во јазикот на новото време се именуваат како хомосексуалци а нивните паради се именуваат како геј паради и навистина чиста случајност е што токму во геј улицата близу станицата синџуку во токио имаше многу бездомни кучиња, мала парада на бездомни кучиња кои никаде не брзаат а дишат испрекинато и кога зјапаат во минувачите и кога се клецкаат, да простите близу станицата синџуку се наоѓа градската куќа на токио вообразена и вообличена како бетонски нотр дам баш тука како да се разминав во врвулицата со професорот кензо танге арно ама не стасав да го поздравам од пријателите од скопје професорот кензо танге кому во токио сите му се поклонуваат сигурно горчливо ќе се насмевнеше ако успеев да му го спомнам скопје тој и онака севезден се смее, се смее и на легендата дека токио и цела јапонија се создадени од божјата насмевка и онака низ смеа професорот кензо танге кај станицата синџуку во токио шутна една празна лименка од пиво а знаеше дека го шутира испиеното минато како што знаеше дека син му кокомо кога тогаш во токио ќе сади нови јајца и на врв јајце ќе се насладува со цедени насмевки и ќе ја ишка секоја идна катастрофа пред да удрат ѕвоната на бетонскиот нотр дам.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Меле внатре во својот казан жешко, мисли навираат, животот оди, луѓето спијат, несвесни, патокази собираат кои никаде не водат.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Додека голтав, тој ми кажуваше како едната птица едно утро одлетала и веќе никојпат не се вратила, а другата, од тага, со клунот си ги раскинала градите и оттаму си го откорнала срцето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тоа беше бајка која никаде не беше запишана, бајка која брат ми ја беше измислил за мене, или јас ја измислив многу подоцна, обидувајќи се да се сетам на детството.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
На Вилка ѝ навеза ли ново кошулче? — ја праша Доста Бојана со која никаде не се делеше, та дури и на Велја сабота навалија двете еден котел, да приперат нешто ситно од децата и да набелат некоја нова нивна кошула, оти утре треба да се излезе на сретсело, а дал господ, тие двете се „брези магарици" и сите витолишки во нив ќе гледаат, а особено нивните деца: како се облечени и наружани.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)