И, бидејќи не се може да се контролираат работите до мерка која се чини задоволувачка, се утешуваш дека можеби токму низ непредвидливото и низ недофатливото, се раѓаат богатите и сложени склопови кои најпосле и самиот тебе ќе те задоволат.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Не се сеќаваше на самиот воздушен напад, но се сеќаваше на раката на татко му која ја стискаше неговата, додека брзаа надолу, надолу, надолу во некакво место длабоко во земјата, околу наоколу едни спирални скали кои одѕвонуваа под нивните нозе и кои најпосле толку многу го истоштија, што почна да кенка и тие застанаа да одморат.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
„Да?“ Мама погледа спроти масата што ја постави како некаква прекрасна сребрена стапица, чудесна јама со сосот од печено месо во која најпосле, како побеснет ѕвер од некои дамнешни времиња, фатен во јама со катран, можеби ќе попадне нејзиниот маж и ќе биде задржан во неа за да гледа низ решетките од јадеци, засекогаш на сигурно.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Но оваа ноќ сон не го фаќаше колку и да се превртуваше барајќи ја положбата во која најпосле ќе заспие.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
А се сеќаваше на многу вакви прогонувања, и со оние помалите вепри, знаеле да се протегнат во бесконечност, од која најпосле е тешко и да се вратиш дома.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Добро познатиот Ваш Василие Трбиќ, кој најпосле во наша заштита преку весниците испрати едно писмо до министерот за внатрешни работи Корошец, овдека тајно го извршува своето „добро дело“.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)